Водителката Миа Костова пред извесно време беше гостинка во втората епизода на „Опуштено со Тони“, кај Тони Михајловски. Миа зборуваше за многу нешта, а на почетокот од разговорот го спомена својот син Андрија.
– Андрија е супер, онлајн училиште, од компјутер не е станат од лани“, рече Миа.
Потоа, Тони ѝ рече дека ќе ѝ го постави најчудното прашање во новинарството кое го слушнал за своите 53 години: Во Македонија ли си?
– За да си во Македонија, треба да имаш симптоми на кор-она. Јас пошто ја прележав во Македонија цело време“, одговори Миа низ смеење.
„Прелега ли? Дај некое антитело мори“, ѝ рече Тони со својот познат кумановски акцент.
Потоа, Михајловски ѝ постави уште едно интересно прашање на Миа: „Како би ја опишала Македонија?
Во колку сакаш реченици“. Миа на ова одговори: „Македонија е моја и многу ја сакам, ама многу би сакала да ја оставам и да ја сакам од негде од подалеку“.
Тони и Миа зборуваа цело врфеме на кумановски, а Тони нагласи дека му е многу мерак што во емисијата открива дека Миа е кумановка.
Потоа Миа раскажа дека имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја нашол на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“.
„И до ден- денес сум Миа 99 по телефони, често ми се случува“, рече таа. Миа која отворено зборува за своите животни приказни, сега раскажа за уште една, поточно за одлука која ја донела благодарение на нејзината пријателка Тијана Скулиќ.
-Не знам од каде да почнам. Од тоа дека мразам адреналин и не ме воодушевува природа? Ете од тука ќе почнам…. И тогаш се појавува желбата на Тијана Скулиќ за АТВ тури за кои ме притиска буквално 2 недели.
Знаете кога бирам, бирам внимателно, за да пренесам и за да бидам сигурна дека ќе бидете безбедни и со супер искуство. Тргнав едвај… после првите 15 минути, сакав никогаш да не заврши.
Тргнувате од Коњско, преку Велестово, преку еден рај кој ретко кој знае дека постои, Галичица и поглед кон Стење и Преспанско Езеро, Погледи од милон долари… не знаете дали е Македонија или Швајцарија.
Вреди секој денар, секое стравче, секој поглед… Професионалци, особено mitreskig реален водич, смирен и посветен, внимателен и концентриран!
Јас пак ќе одам, не знам за вас atvadventureohrid ви благодарам за искуството!“, напиша Миа за својата езерска авантура со мотор.
Фото: Инстаграм принтскрон, Јутјуб принтскрин