Повозрасните ги паметат Невена и Панче Кочовски, кои беа дел од легендарниот ансамбл „Мањифико”. Составот стана светски познат со обработките на латино-американските хитови.
Меѓу личности пред кои свиреа се и Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Имаа свирено на преку 3.000 концерти во повеќе од 30 земји во светот.
Невена и Панче се родители на Тања и на Лидија Кочовски. Нивните ќерки секогаш со гордост зборуваат за родителите. Прекарот на Лидија на Инстаграм е токму Лидија Мањифико.
Лидија често со голема љубов пишува за своите родители, а и Тања. „Една ми е“, напиша Лидија под оваа слика. „Мањифико“ на „Златна Бубамара“ на популарноста во 2017 година добија награда за животно дело и имаа заеднички семеен настап во Метрополис Арената.
Тогаш Невена беше во одлична пејачка форма. Последниве години таа се бори со алцхајмеровата бо лест, и доаѓа до ситуации кога не ги препознава најблиските.
Пред неколку месеци, Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук објави фотографија од својата мајка, која тоа утро излегла од домот во 9.30 часот и оттогаш не се вратила.
По Фејсбук апелот, Невена безбедна се врати дома. „Најтешки се миговите кога ќе стане агре-сивна. Во една ситуација сакав да ја смирам, но ме турна и паднав на подот.
Исто така мора постојано да се внимава да не побегне. Кога ќе реши да излезе, никој не може да ја сопре. Потребни се многу нерви и трпение, но и многу љубов, за да ѝ помогнеш да се смири во тие мигови“, изјави Лидија за Женски магазин.
На Бадник, Кочовска објави емoтивно видео како ја пеат „Las maňanitas”, познатата мексиканска песна која Панче и Невена јаа имаат пеено многу често.
Нека ни е за многу години, ХРИСТОС СЕ РОДИ. Трет пат упатена честитка од нас со „Las maňanitas”, нашата омилена, Празнична композиција.
Пресреќна сум, паричката нека ѝ донесе најмногу здравје на мајка ми. И сè уште солидно звучиме во троглас. Ве сакаме од срце…СРЕЌЕН БОЖИЌ.
По изведбата се гледа колку и Лидија и родителите уживаа пеејќи ја оваа песна која Кочовска им ја посвети на сите пријатели за Божиќните празници. Емотивната изведба предизвика солзи кај пријетлите на Лидија. „Ме расплакавте, вели еден од коментарите на пријателите.
Меѓу оние кои оваа изведба силно ги допрела, е и Миа Костова, водителката Елена Стоајновска, пејачката Елена Петреска, пејасит Александар Тарабунов…
Невена, иако за жал не памети многу работи, не ги заборава стиховите на песните со кои некогаш пеела низ целиот свет. Тоа го докажа и со уште една изведба на Vaya Con Dios.
Оваа популарна песна е напишана од Лери Расел, Инес Џејмс и Бади Пипер, а првпат е снимена од Анита О Ден во декември во 1952. Избрана е како една од Топ 100-те западни песни на сите времиња.
Во видеото кое Лидија Кочовски го објави на Инстаграм, како со мајка ѝ ја пее оваа песна се гледа со колку емоции таа и мајка ѝ ја пеат, а Лидија во одредени моменти се воздржува да не заплаче.
Познатата пејачка сосема кусо ја опиша љубовта кон својата мајка: „Се топам, мојата кралица“, напиша Лидија. По завршувањето на песната, таа на својата мајка ѝ кажува дека ја сака.