Каролина за првпат не коментира Евровизија, сменета со нова водителка која упати порака до македонската дијаспора

0

Каролина Петковска е долги години дел од Македонската радио телевизија, како новинар и водител на разни Тв проекти, Тв лице кое познато и кај нас и во дијаспората.

Таа е уредник на Редакцијата за Контактно забавни емисии во МТВ и во моментов го води „Неделен магазин“.

Каролина е позната и како најголемиот патриот меѓу новинарите. Таа секоја година ја коментира Евровизија во пренос во живо и една реченица остана нејзин заштитен знак.

Кпга треба да ја најави Грција, Петковска вели, нашиот јужен сосед. Во една прилика таа изјави дека тоа го прави затоа што е лута на политиката на оваа земја која Македонија прерходно не ја признаваше под уставното име.

Има многу шеги и твитови на нејзина сметка поради тоа, но Каролина остана доследна на таквиот начин на коментирање и никогаш не одговори на ниту еден твит или споменување на нејзиното име во медиумите.

– Нашиот јужен сосед пее на грчки наместо на јужнососедски“, но едно запомнете „Се се менува…само кај нас водителките за Евровизија и за Оскар се незаменливи“, вели еден твит. Каролина раскажа за своите дневни рутиини во Женски магазин.

Уште подобро е ако го пиете кафето со луѓе со кои ви е убаво и кога молчите! И во едниот и другиот случај тоа се мојот сопруг Александар и сестра ми Даниела, со којашто сега за жал можам да го испијам кафето, само додека муабетиме на вибер, зошто последниве пет години со семејството живее во Америка.

И да…последниве четири години, до болка ми недостасува мирисот од тазе сомеленото и мераклиски, со љубов сварено кафе од рацете на мајка ми.

Малечок ритуал: подготвена вечера за двајца, чаша црвено вино и одбран филм на лаптоп (ставен на маса)! Ред муабет и голтка од виното и „голтка“ од филмот, најчесто со документарно историски жанр. Не го сакам хор -оро т како жанр!

Доволно ст рав и неизвесност имаме во реалноста оптоварена од пандемија и изолации, сокриени насмевки, украдени прегратки, изгубени денови и драги луѓе…

Прекрасно е ова „чудо“ наречено – живот, нуди безброј мотиви за среќа и задоволство.

Се разбира ако умееш да ги препознаеш во “океанот” од стереотипи, изгубен вредносен систем изгубена правда и емпатија, од важни и помалку важни работи и луѓе.

Токму затоа, отсекогаш ме мотивираат луѓе коишто го имаат оној пркосен инает во себе и веруваат во вистината, дека: “ ако се сака- се се може”, откри водителката.

Годинава, по долги години Каролина не ја коментира Евровизија која се одржува во Ротердам, ниту во живор ниту од студиото на МТВ.

Овој оат, го нема гласот на Каролина и нема да го слушаме она познато нашиот јужен сосед. Евровизија ја коментира Ели Танаскоска. Таа е долги години едно од заштитните лица на Македонската радио телевизија, водителка и новинар што ја сакаат сите генерации.

Ели во моментов ја води емисијата „Неделен магазин“. На почетокот од првата полуфинална вечер, Ели упати апле, ги повика сите македонци од дијапората да гласаат за нашиот претставник Васил Гарнванлиев.

Фото: Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЌерката на Џеј ја напушти работата, еве со што ќе се занимава – татко ѝ би бил горд на неа
Следна статијаД-р Несторовиќ: Кога човек ќе се разболи, веќе никому не му е потребен и луѓето го забораваат