Калиопи блика од среќа: Небото ми сјае (ФОТО)

0

Калиопои е вистинска музичка дива, на која ѝ се восхитува публиката од сите генерации и од целиот екс Ју регион. На крајот од минатата година, на својот 54 роденден, таа објави фотографија од себеси кога била мала и напиша:

Ако мене ме прашате, не ми е грижа за годините, затоа што таа, малата Опи уште живее во мене и ќе живее засекогаш“, напиша Калиопи. Во мај минатата година, Калиопи на својот профил на Инстаграм објави емотивно видео со својот татко под кое напиша:

„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи … Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења .. Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене!

Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн … И сега, после толку години, улогите се сменија … И можеби ова е многу помило и поубаво за мене.

Еден од моите најомилени моменти во изолација … бричење на брадата на тато … И јас се усовршив … Како да пишувам една од моите најубави песни.“ Неодамна, таа објави слика со уште две важни личности во својот живот, мајка ѝ и сестра ѝ. Добрата страна на пандемијата – скапоцени моменти како овој …

Ти благодарам мамо што сè уште му пркосиш на времето и што го чуваш твојот млад дух во себеси и го споделуваш со нас…

Те сакаме!“, напиша Калиопи. Калиопи од сестра си има една внука, а таа има и брат од кој има двајца внуци.

Таа во едно интервју откри што научила за време на пандемијата. „Ако некаде навистина сите сме биле исти и врзани за иста желба, тогаш тоа е сега, во оваа светска изолација“, изјави Калиопи.

Калиопи е добра пријателка со поранешниот сопруг, актерот Васил Зафирчев со кој неодамна објави слика како пешачи на скопскиот кеј покрај Вардар и напиша:

– Интелигенцијата, хуманоста, лојалноста, доверба, се квалитетите на луѓето со кои ги чекорам истите чекори низ животот и ја делам истата љубов кон вечното пријателство. Со нив уживам да поминувам километри“, објави Калиопи.

Нејзин добар пријател и соработник е и првиот сопруг, Ромео Грил, кој се уште ги компонира нејзините песни. Тој ја напиша и незаборавната „Бато“ по која Калиопи стана позната насекаде. Пејачката сподели една интересна приказна на Инстаграм: „Прекрасна симболика … На денешен ден 1987 година, заврши снимањето на легендарниот албум Rođeni делото на феноменалниот Ромео Грил..

Со тој албум се роди вистинската јас .. И токму денес, Music Awards Ceremony го објавува мојот настап на MAC2020 со песната „Rodjeni“ (Бато)“, напиша Калиопи и ја објави снимката од настап во Белград.

Калиопи, иако долго не одржала концерт во Македонија, е во постојан контакт со своите фанови, и тоа на социјалните мрежи. Таа за life.ba откри по што ќе ги памети деновите во изолација и што научила од истата.

„Единствено ново што ми донесе изолацијата е ограничување на слободата и рушење на нормалниот систем на функционирање“, вели Калиопи и додава дека нејзината домашна рутина не е променета.

Исто како и претходно сакам да ми биде чисто и средено, исто како и пред вирусот често ги мијам рацете, се грижам за личната хигиена, готвам со љубов, се грижам за моите најблиски.

Дури не дозволив да застане мојот креативен свет и мојот контакт со фановите“ вели пејачката.

Таа на Инстаграм најави дека подготвува нешто ново, но објави и дека пешачи и ја одржува формата. Калиопи се сретна со две свои драги личности и ја раскажа целата приказна:

– Каква ноќ! Каква можност е во овој голем град навечер да прошетам и да ја завршам мојата дневна доза од 10 км и да ги сретнам моите две самовили со прекрасни гласови како седат на клупа и разговараат!!!

Прво викавме од радост, а потоа пеевме! Еве го споделувам со вас! И ништо не е случајно, велат тие. Се согласувам. Наскоро ќе започнеме да се подготвуваме за концертот со целосно нов концепт.

Знате што? Животот е тежок, но во исто време е многу убав !!“, напиша Калиопи и објави видео како со своите придружни вокали го пее нејзиниот голем хит „Дали ме сакаш“.

Калиопи е сега во Белград кој многу го сака, и својот пост на социјалните мрежи го поврза со Ураган, поточно со Ураганките, згодните српски пејачки кои настапија на Евровизија во Ротердам.

Небото ми сјае! Секогаш по Ураганот сонцето доаѓа над Белград! И јас исто така придонесов малку за тоа .

Среќен ден е овој петок, но мислам дека саботата ќе биде уште посреќна и повозбудлива!“, напиша Калиопи.

Претходна статијаКако да се другарки, ќерката на Ирена Спасовска е иста како мајка ѝ (ФОТО)
Следна статијаТаска Балабанова народот никогаш нема да ја прежали, ова е нејзината внука која ќе ја наследи (ФОТО)