Илина прозборе како го поминала вирусот во Охрид, додека Игор ја чекал во Дојран

0

Трети мај е посебен ден за Игор и за Илина, затоа што токму на овој ден започнала нивната љубовна врска минатата година, а по тој повод Игор на овој ден на Инстаграм се сети на нивните почетоци и напиша:

-Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа:

“А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од “Ланосот” и…ја гушнав. Гушката се уште трае…“, напиша Џамбазов.

Во емисијата Еден на еден, Игор објасни како всушност започнала нивната врска. „Така и почна нашата љубов, таа ме покани на првиот карантин да го поминам кај неа“, рече Игор за минатата година, кога во земјава имаше неколкудневен карантин.

-На полициски час го поканив, од петок до понеделник. Тоа е веќе за емисија над 18“, додаде Илина со насмевка во истото ТВ гостување.

Својата прва годишнина, тие ја славеа на посебно место, едно од нивните омилени, а тоа е планината Кожуф.

„Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.

И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот“.

Ова Игор Џамбазов го изјави во „Бексјетџ“ за својата сакана Илина Арсова, нашата позната алпинистка и уметник.

Илина Арсова изминативе денови ги помина во Охрид, додека нејзиниот сакан Игор Џамбазов е во Дојран.

Таа на Инстаграм се сликаше како ја испробува водата во Охрдското езеро и деновите ги поминуваше на плажа.

Во едно видео од Охрид, таа порача дека треба да се учи од природата, а видеото всушност се однесува на тоа колку луѓето треба да се држат заедно.

-Колку се можеме да научиме од природата. Погледнете ги на пример трскиве. Кога се вака сплотени, доживеале милиони и милиони години, секакви предизвици, и секакци временски непогоди.

А само една, колку лесно може да се скрши. Учете“, порача Илина од Охрид.

Таа со своите следбеници на Инстаграм сподели уште приказна, дека го прележала вирусот.

„На крајот, гордо ги носам моите пост- ков-ид брчки и таа мала тага што доаѓа по нив. Ќе ви кажам повеќе за тоа, само бидете трпеливи …“, рече Илина.

Игор пак објави фотографија како ја чека со својата мачка Емилија и напиша: Чекајќи ја Илина.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСДСМ доби нов втор човек – која е Сања Лукаревска приватно?
Следна статијаПејачката од Звезде Гранда призна дека земала кредит оти е во криза, а живее во луксузен стан