Ѓорге Иванов денес има причина за двојна радост – нека е за многу години Претседателе

0

Ѓорге Иванов е универзитетски професор и поранешен Претседател на Македонија во два мандати, во периодот од 2009 до 2019 година.

На функцијата стапил на 12 мај 2009 откако победил на претседателските избори истата година како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а за втор мандат бил избран во 2014 година.

Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. Иако во младоста се интересирал за технички науки, завршил право на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Извесно време работел како новинар во МРТ, а бил и член на подмладокот на Сојуз на комунистите на Југославија. Во 1998 станал професор на Правниот факултет во Скопје, а ја извршувал и функцијата продекан на факултетот во еден мандат.

Пред да стане претседател, имал левичарски убедувања и бил активен во невладиниот сектор како член на управниот одбор во фондацијата Отворено Општество.

По завршувањето на неговиот мандат, Ѓорге Иванов се повлече од јавниот живот. Тој не учествува на ТВ дебати, а многу ретко се огласува и на социјалните мрежи.

Неговата последна официјална средба, беше со поглаварот на римокатоличката црква, Папата Франциск, во Скопе, настан кој беше врвно организиран.

Поранешниот Претседател на нашата земја, Ѓорге Иванов на социјалните мрежи по повод националниот празник, 2. август, Илинден, лани напиша:

„Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста. Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности.

Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава. Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува.

Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал. Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Честит Илинден! Вечна Македонија!“

Вечерва Иванов по подолго време објави фотографија со неговата сопруга Маја и синот Филип, при што го честиташе најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение:

„ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! Ви посакуваме празникот да го поминете со топлина во домот, хармонија, благосостојба, духовен мир, радост, љубов и многу здравје. За многу години Велигден! Семејство Иванови.

Инаку денес, освен чевствувањето на најголемиот христијански празник, Велигден, поранешниот Претседател Иванов има уште една причина за славење.

Имено, тој е роден на 2. мај 1960 година во Валандово. Денес му е роденден и полни 61 година. Среќен роденден Претседателе!

Претходна статијаСите нешто „паѓате од столче“ кога ќе чуете колку се заработува во Швајцарија, но знаете ли колкави се трошоците?
Следна статијаБаба во Мирковци, гледачка во Сопиште, бајач во Тетово – што е заедничко за овие луѓе