Во Ротердам се одржа свеченото отворање на 65-то издание на Евровизија, на кое продефилираа сите земји учеснички на изборот за најдобра песна во Европа.
Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, за ваквиот настан избрал интересна модна комбинација со уникатен детаљ.
Тој се појавил облечен во долг црн елек, црни панталони и блуза, а на главата носел круна направена од неколку парчиња огледало.
Гарванлиев на својот Инстаграм профил споделил и неколку фотографии од церемонијата, објави Точка.
„Официјално започна. Колку убаво патување досега и конечно имам прилика да запознаам некои од артистите. Ти благодарам Евровизија за овој прекрасен настан“, напишал пејачот под објавата.
Васил за официјалниот сајт на Евровизија го открил значењето зад круната од огледала. „Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали таа е добра или лоша“, изјавил тој.
Македонската евровизиската песна “Here I stand” ја напиша самиот Гарванлиев, инспириран од некои лични случувања. Во аранжирањето и оркестрацијата се вклучија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.
Повеќето корисници на Фесјбук го фалат настапот на нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев, кој во Ротердам ја испеа песната Here I Stand. Пред настапот, го поддржа премиерот Зоран Заев со Фејсбук статус:
Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6.
Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и “Here I stand”. Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!“, напиша Заев.
На ова, Заев доби коментар од човек кој е најверојатно од Бугарија, кој напиша:
Бугарија е со Васил. Горе и напред. Политиките не разделуваат, музиката не соединува. Еден народ, една мисла, едно срце“, напиша извесен Методиј.
Се огласи и Гарванлиев по настапот и напиша: Чиста радост. Никогаш немој да престанеш да веруваш. Верувај му на своето срце. Остани силен. Сонувај големи соништа. Отвори се. Дозволи да се случи!