Фросина од Скопје, многу често со своите статуси предизвикува големо внимание на социјалните мрежи. Таа денес проговори за забелешките кои ги добива во коментари, но и за тоа колку се среќни оние кои се во брак:
-Оваа Фро е желна за внимание, затоа е толку активна на социјалниве мрежи. – рече Славица која два месеци шие фустан за на свадба каков што ќе нема ни една таму. Ај погодете зошто? Затоа што сака внимание и комплименти.
Мора да биде најдотерана за да привлече внимание на тие 500 анонимуси кои ќе гнетат пирошка и похован кашкавал.
Истата таа извесна Славица која вели дека сакам внимание, постира погачи на групата Македонска софра затоа што сака внимание и сака да им се допадне на другите.
Пропратно става слики од секоја гримаса на бебето кое за нас останатите е исто испаднато на сите 490 слики и на секој можен начин се труди да покаже колку е среќна, ама за мене вели дека јас сакам внимание.
Да, точно е. Тој што не е желен за внимание нема социјални мрежи, не се труди на секој собир кај што има повеќе луѓе да биде најдотеран, најуникатен, најпретставителен и најпаметен.
Значи СИТЕ до еден сме желни за внимание на ваков или онаков начин. Е сеа на некој му успева, на некој не. На Славица очигледно не, па затоа ја нервираат сите на кои им се посветува повеќе внимание на социјалниве мрежи.
„Не мешајте посесивност со љубов. Немаат ништо заедничко. Љубовта е благородно чувство, посесивноста е болест за која нема лек. Не се залажувајте дека од што ве сака ви вели дека не може да носиш минич.
Не е љубов ако ви врти на секој пола саат додека сте негде излезени со пријатели и ви вели да си дојдете дома. Болест е. А ако ве пали тоа, тогаш дијагнозата ви е иста.
Подобро е да немаш никој, отколку да живееш со некој кој мисли дека те поседува. Жалничко е што у 21 ви век дозволувате некој така да се однесува со вас, само за да не бидете сами.
Затоа не ми глумете среќни, се приметува дека не сте. И жално е што среќата ја поистоветувате со “имање некој”, па затоа седите у нефункционални врски и бракови. Фала многу, пријатно.“