– Времето во Ков-ид е предизвик за сите луѓе, барем јас така мислам. Старата изрека вели: „Во мака се познаваат јунаците“.
Фала му на Господ, јас и моето семејство сме добри. Работиме, па деновите во карантин ни поминуваат побрзо“, изјави пред некилку месеци Татјана Лазаревска за www.svet-australia.com
Од празникот Водици во 2015 година, фолк пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски живеат во Мелбурн, во Австралија. Во едно интервју рекоа дека не им било лесно да ја напушат родната Македонија, но сметале дека така е подобро.
– Главна причина беше: на децата да им се даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.
А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за а svet-australia.com
Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.
И еве сега работам како учителка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, рече Тања во истото интервју.
-Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“. Од кога сум во Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна.
Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хит оставам на публиката да пресуди“, рече Татјана за својот најголем хит, а потоа зборуваше и за својот Новица.
-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години. Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осудено на љубов“, искоментира таа.
Сега, откако мерките во Австралија попуштија, и таа и Новица, како и сите нивни колеги, им се радуваат на повторното враќање на настапите.
Татјана и Новица откако поминаа карантините и кризата работат со полна пареа.
Во прилог на мирната ситуација со вирусот, но и крштевските, свадбите и родендените кај нашинците.
Татјана и сега се вклучи лајф од една роденденска забава, каде што настапуваше заедно со Новица.
Прво таа ја пееше својата „Аце, Аце“ и некои други песни, а потоа на сцената ѝ се придружи и Новица со своите песни од времето на Биоритам.
Новица додека ја пееше Паша, Паша, ептен ги развесели нашинците кои играа оро, па си доби и бакшиш од еден весел човек.
Новица продолжи да пее со доларите во џебот.
Фото: Фејсбук принтскрин