Дека љубовта не позанава ни граници ни возраст, доказ е Дара Бубамара. Таа е во врска со Тони кој е 21 година помлад од неа. Минатата година, Дара замина на егзотично патување.
Дара и Тони го избраа Занзибар за романтичен одмор. Наводно, скапиот одмор на Дара и на Тони го платил неговиот татко, кој е бизнисмен од Италија.
Желбите на Дара ѝ ги исполнува и ја финансира партнерот кој „плива“ во пари, поточно, неговиот татко, пишува српски „Курир“.
Близок пријател на Тони раскажал детали за неговта работа. Тој вели дека целиот бизнис го води таткото, а Тони не му помага многу. Таткото, држи неколку ресторани во Италија.
Тони не бил амбициозен како татко му, и нема сенс за бизнис како него. Но, на таткото не му пречи што тој без лимит му ги троши парите.
Дара на Инстаграм стави слика од дечко ѝ кој е сликан на плажа, и под сликата имаше многу коментари. „Па, ти можеш мајка да му бидеш“, е еден од нив.
Пред две години, Дара Бубамара буквално се посрамоти пред јавноста. Таа ја изнасмеа целата естрада откако по грешка направи гаф пред својот дом во Белград.
Станува збор за видео кое успеа да го сними екипата на „Папарацо Лов“ кои ја уловија пејачката како излегува од својот дом на високи потпетици со кои се гледа дека едвај оди.
Дара Бубамара својата кариера ја започнала во 1993 година, а до денес има бројни хитови.
Згодната пејачка како и секогаш беше облечена во бели атрактивни панталони кои и ги истакнуваат облините, и длабока блуза со деколте.
Но како што коментираат фановите таа едвај го виде тротоарот од своите џиновски силикони. Одејќи кон автомобилот пејачката падна, но за среќа заврши само со неколку модринки.
Дара Бубамара секојдневно објавува фотографии и видеа од приватниот живот на својот Инстаграм профил.
Во последно време можеме да видиме видеа и фотографии од теретана затоа што пејачката работи напорно за да ја доведе својата линија до совршенство.
Неколку пати во јавноста таа тврдеше дека изгубила вишок килограми, сепак, сега сите погледи се свртени кон нејзиниот подбрадок и сите го забележале тој детал.
Доволно е да се осуди овој изглед, напротив, но личностите кои промовираат совршенство, надвор од социјалните мрежи, изгледаат непрепознатливо.
Да потсетиме, таа неодамна истакна дека е на посебна диета.
– Во моментов сум на таканаречена течна диета и сум презадоволна. Веќе пет недели конзумирам само зеленчук и протеински шејкови.
Имам пет оброци на ден и тоа е сосема доволно за мене. Отпрвин честопати бев гладна, но сега се навикнав.
Се чувствувам многу добро и ја препорачувам оваа диета на сите – рече Дара за „Хит Информер“.
Дара Бубамара и Милица Тодоровиќ создадоа луда атмосфера во емисијата „Амиџи шоу“, а ги изненадија гледачите и сите во студиото со сцена во која имаше скоро бакнеж!
Милица и Дара одиграа дадена игра, поточно имитација во која тие беа „силиконски пријатели“, а на крајот Дара ѝ пријде на Милица и влезе во нејзиното лице, ѝ ги грабна образите и изгледаше како да ќе падне бакнеж.
Сепак, тоа не се случи, но беше повеќе од возбудливо за гледачите. Дара тогаш се пошегува на сметка на нејзините силиконски гради:
„Имам шестки, дали мислиш дека треба да ставам поголеми?“, Па таа стана и покажа што „има“.
Шоуто на Дара и на Милица можете да го погледнете ОВДЕ.