Д-р Нико Беќаровски е еден од лекарите кои се активно вклучени во едукацијата на населениото околу пандемискиот вирус, од самиот почеток на пандемијата.
Тој преку серија колумни на својот профил на социјалните мрежи, се обидува да влијае на свеста на граѓаните, со цел придржување кон мерките, а со тоа превенција, колку што е можно повеќе, во овие пандемиски услови.
Д-р Нико Беќаровски, неодамна проговори околу маските и нивната поврзаност со разни небулози во кои одреден број граѓани веруваат: ЈАС ДА СИ КАЖАМ (7)
„Денес почитувани мои сограѓани ВИ се обраќам на сите кои верувате дека не постои вирус, туку не трујат авионите кои исфрлаат отров, на сите кои верувате дека вирусот е обичен грип и на сите кои знаете дека вакцините се несигурни, како и на сите кои тврдите дека вакцините ќе послужат за масовно чи-пирање по наредба од Бил Геј тс.
Почитувани мои сограѓани кои од сигурни извори знаете дека авионите при прелетување на нашата земја исфрлаат бо-јни от-рови, единствен начин да се заштитите е постојано да носите гас-маски.
Ако не Ви останала ниту една од ЈНА, тогаш БАРЕМ ставете обична маска или шал за да го намалите количеството на от-ров кој ќе го вдишите.
Почитувани мои сограѓани кои знаете дека Ковид-19 е обичен грип, дали знаете дека смртноста од обичниот грип, секоја година во Америка и Европа е 4-6 пати поголема отколку во Кина??? А знаете зошто ??? Бидејќи кинезите секоја година во зимските месеци носат МАСКИ и држат ДИСТАНЦА.
Почитувани мои сограѓани, кои сте оправдано загрижени дали вакцините ќе бидат безбедни, дозволете да има доволно долг временски период за истите да бидат правилно истестирани. КАКО??? Да ја намалиме инциденцата на новозаразени, а со тоа и поч инати. КАКО ??? Носете МАСКИ, држите ДИСТАНЦА!
Почитувани мои сограѓани кои сметате дека вакцинацијата ќе послужи за чипирање на населението, ајде заедно да ја спречиме оваа белосветска зав-ера.
КАКО ??? Да ја уништиме трансмисијата на вирусот, а со тоа и оваа пандемија, по што вакцинацијата ќе стане непотребна !!!! КАКО ??? Со носење МАСКИ, држење ДИСТАНЦА и колективна ОДГОВОРНОСТ.
Затоа почитуван мој народе, секој на свој начин, со своето лично убедување нека допринесе што побргу болниците да се празни, а кафеаните полни. КАКО ???? Одговорот веќе го знаете.
Пријатен ден, добро здравје и да не дозволиме ниту еден наш сограѓанин да почине од труење, грип, несакани дејства од вакцините, чипирање итн…. КАКО ??? Веќе знаете сите!“
Денес д-р Нико Беќаровски, во групата „Ковид 19 искуства и совети“, одговори на многуте дилеми околу имунизацијата со конкретни факти, бројки и проценти:
Почитувани членови на групата, сите кои сте загрижени дали да се вакцинирате поради разни алергиски реакции, еве Ви еден статистички податок па одлуката донесете ја сами.
Шансата да развиете анафилактична реакција по апликација на вакцина во моментов изнесува 0.0002%.
Од пеницилин 0.003% , Од Парацетамол 0.02% , Од убод на инсект 0.07%.
И за крај шансата да ум -рете од вакцинација е 0.5 на милион вакцинирани, а од Covid-19; 2,7 на сто заболени.