Д-р Нико Беќаровски: Денес е роденден на двајца мои другари – за жал првиот, со кого израснав, не успеав никогаш да го запознаам

0

На денешен ден, секој 25 мај, во поранешната држава Југославија, се славеше Штафетата на младоста и роденденот на другарот Тито, иако тој е роден на 5 мај.

На Денот на младоста низ цела Југославија се носеше Штафетата на младоста, учесниците ја носеа во рацете и трчаа со неа низ цела Југославија, а на 25 мај му ја врачуваа на Тито.

Штафетата на младоста првпат се носела во 1945 година на предлог на младината на Крагуевац, како Титова штафета. Првите штафети Тито ги преземал во Загреб, а во годините по 1956, лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград, со свечен дочек на плоштадот.

На иницијатива на Тито во 1957 година настанот е наречен Ден на младоста. Штафетата на младоста во 1980 година, која во пресрет на одбележувањето на 88-от роденден на Тито, на 4 мај, денот на неговото упокојување, се затекнала на патот низ Хрватска, го прекинала својот пат положена е на неговиот одар.

Сите штафети што се носени во текот на 42 години, се чуваат во Музејот на Југославија во Белград. Штафетата ја имаат носено и предавано на другарот Тито и многу млади од Македонија.

Последната Штафета на младоста се носеше во 1987 година, а околу нејзиниот дизајн и денес се шират различни теории, според кои таа донекаде го навестила распадот на Југославија, па поради тоа и денес привлекува посебно внимание, пишува „24 Сата.хр“.

Таа година дизајнот на штафетата и идејното решение на плакатот за Денот на младоста му било доверено на љубљанското дизајнерско студио „Нов колективизам“.

Нашиот познат доктор, професорот Нико Беќаовски, емотивно се потсети на овој ден, напоменувајќи дека роденден славеле двајца негови другари:

„Денес е роденден на двајца мои другари. Со првиот другар израснав и ги проживеав најлудите години, иако никогаш не успеав лично да го запознаам.

Кога харизмата на првиот почна да избледнува, во 1990 година се појави мојот колега, пријател и другар Др.спец. НЕСТОР ПОПОВСКИ, со кого повеќе од три децении ги делам сите радосни и тажни моменти.

Среќен роденден НЕЦЕ, уште долги години да го пиеме заедно утринското кафе и да се сеќаваме на деновите кога на овој ден сите ја славевме младоста и роденденот на ДРУГАРОТ, кој сега почива во Ужичка 15.“

Претходна статијаНа свадбата на таткото и мајката на една од „Ураганките“ им биле одземени сите подароци и лични работи (ФОТО)
Следна статијаВо прва прилика ме „клоцна“, а јас и ја најдов работата