Д-р Даниловски: Бесмислено е да се носат маски на отворено

0

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да продолжат да постапуваат одговорно и претпазливо, иако денес беа воведени ублажени мерки поради пандемијата на коронавирус.

За прв пат по неколку месеци, кафулињата и рестораните ги отворија градините за посетителите, но со негативен тест на коронавирусот или потврда за вакцинација.

– Се надевам дека по долгото затворање, луѓето многу одговорно ќе ги прифатат можностите што сега им се нудат. Вирусот не исчезна – им рече таа на новинарите во Берлин.

Меркел рече дека носењето маски и почитувањето на социјалното растојание остануваат клучни, пренесува „Ројтерс“.
Во Соединетите Американскио држави Претседателот Бајден минатата недела објави дека оние кои се имунизирани, во иднина немаат обврска да носат маски, дури и во затворено, освен, ако компанијата, на пример продавница, го пропише тоа.

Унгарија ќе ги укине сите преостанати рестриктивни мерки, вклучувајќи полициски час и носење маска на отворено, откако викендов ќе биде достигната бројката од пет милиони вакцинирани, најави премиерот Виктор Орбан.

Тој изјави дека веќе нема да има потреба да се носи маска во јавност и ќе бидат дозволени собири до 500 луѓе на отворено. Настаните во затворено ќе бидат достапни за оние кои ќе приложат потврда за вакцинираност.

„Ова значи дека сме го победиле третиот бран на пандемијата. Време е да им кажеме збогум на маските на јавни места“, изјави Орбан.

Унгарија е единствената земја од Европската Унија која ги одобри руските и кинеските вакцини против ковид-19, кои се даваат во големи количини пред да бидат одобрени од Европската агенција за лекови.

Тоа ѝ овозможи на земјата да го постигне највисокото ниво на имунизација во ЕУ, при што 50% од населението веќе има примено барем една доза. Хотелите, рестораните, театрите, кината, теретаните и спортските објекти продолжија да работат.

Нашиот најпознат епидемиолог, професорот Даниловски, денес за медиумите проговори околу носењето маски на отворено:

Можеме да се опуштиме само кога 14-дневниот просек на кумулативната инциденца ќе се спушти под 20, што ќе значи дека епидемијата поминала, изјави епидемиологот Драган Даниловски. Според него, само тогаш може слободно да се релаксираат мерките.

-Враќање на животот без маски би можело да се очекува уште во текот на летото. Тоа го очекувам крајот на јуни, а почетокот на јули. Значи ќе ни остане уште доволно време за да уживаме во летото – изјави Даниловски на Канал 5.

За Сител пак, професорот Даниловски рече дека е бесмислено носење маски, особено на ова топло време. Тој не смета дека со организирање на некои настани на отворено, па дури и свадби, би се нарушила поволната слика со вирусот.

Во поглед на сè уште високиот број упокоени, професорот рече дека тоа е нормална работа, односно бројките на поч инатите каснат зад намалувањето на бројот на нови позитивни.

Претходна статијаСе појави видеото како Марија Шерифовиќ и српската евровизиска претставничка Сања се кладат
Следна статијаФросина: Не ми глумете среќни, се приметува дека не сте