Баба во Мирковци, гледачка во Сопиште, бајач во Тетово – што е заедничко за овие луѓе

0

Човек кога има мака, не бира каде ќе оди и колку ќе потроши, за да најде решение за проблемот. Но исто така, познато е дека постојат луѓе, кои на маките на луѓето, гледаат своја шанса за материјална добивка.

Баба во Мирковци, гледачка во Сопиште, бајач во Тетово се само дел од имињата кои се препорачуваат по социјалните мрежи, од луѓе кои мислат дека одењето кај нив им помогнало.

Но најчесто, не само што не си помагаме, туку си одмагаме. Ова е изјава од наша читателка која сакаше да остане анонимна:

-Кога детето ми беше мало, на околу двегодишна возраст, се будеше навечер и плачеше без престан. Ми кажаа за некоја жена во Мирковци. Отидовме и после нејзиниот „третман“, син ми навистина се смируваше.

Но тоа траеше само неколку денови и потоа моравме пак да одима Мирковци и пак и пак и пак. Сфатив дека се вртиме во круг, најпосле отидов во црква, поразговарав со свештеник, кој на детето му испеа молитва и проблемот беше решен трајно.

Во врска со оваа тема, на социјалните мрежи пред извесно време се огласи и Пасторот Филип Иванов од Велес:

„Сѐ додека на овој народ духовни авторитети му се бајачките, гатачите, „оџите“, разно-разните исцел ители, биое нергичари и штотијазнам какви сѐ не „терапевти“, луѓе што само продаваат ветер и магла на стр -адални луѓе.

Наместо тој авторитет да биде Христос и за Него запишаното во Светото Писмо, а Црквата да биде таа што во безусловна љубов ќе служи на целокупното исцеление на секој човек, нема апсолутно никакви шанси да мрднеме од ова духовно и душевно мр -твило.

Не ми се лутете, но мачнина ми е на духот кога гледам како докажани шар латани и манипулатори, некои од нив ментално нестабилни и дефинитивно дем онизи-рани.

Без трошка грижа на совест зл оупотребуваат луѓе кои стра -даат и талкаат барајќи чаре за што и да ги снашло во животот…

Апостол Павле е јасен каде и како почнува спасението за секого и за сѐ: „Секој што ќе го повика Господовото име ќе се спаси“. За да го направите тоа не ви треба никој, ни Филип, ни свети Филип. Едноставно, со покајничко срце, извикајте кон Христос.

Тој, и само Тој, е единствениот Спасител и Исцелител, Тој е Верниот и Вистинитиот Господ, Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Зачетникот и Завршителот на нашата вера, и нема под Небото друго име дадено на луѓето преку кое се спасуваме, освен Името – Исус. Господи помилуј.“

Пасторот Филип Иванов во коментар се дообјаснува, па вели:

„Пријатели, поводот за пишаното е случка од утрово, кога бев запознат со случај на млада личност со мултиплекс склероза, на која вакви шарлатани и земале големи пари за „терапии“, продавајќи му на семејството некаква света вода, кристали, пирамиди, и што ли уште не, лажејќи и ветувајќи им сѐ и сешто… Стр -ашно и жално.“

Претходна статијаЃорге Иванов денес има причина за двојна радост – нека е за многу години Претседателе
Следна статијаТикваров мој од скопско Марино не знае дека во Германија не смее да ми се понаша – на просјачки стап ќе го оставам