Агнеса ја покажа мајка си, еве на кого е убава (ФОТО)

0

Јавноста во јануари годинава беше во тек со фамата околу љубовната драма, разделбата на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски и неговата сопруга Агнеса Органџиева.

Од 13 јануари, јавноста беше постојано во тек со оваа приказна, откако Орданоски, тогаш објави статус во кој јавно раскажа дека се разделува од сопругата.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка.

Има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.

Голема благодарност до персоналот на хотел Молика, секогаш ми било и повеќе од пријатно тука, момците навистина се трудат престојот да ни биде незаборавен. Големо благодарам за тоа, деновите тука се лек за проблемите дома. Тоа е тоа, одиме понатаму“, напиша тогаш Орданоски на Фејсбук.

Потоа, Агнеса, која е вработена во Ад за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење, за „Фокус“, изјави дека брачните проблеми не треба да се решаваат вна Фејсбук, туку дома, во четири очи.

„Штом го оставам, нешто има. Нешто дома не е во ред. Затоа решив. Кога веќе ја вмеша јавноста и јавноста виде што кажа за мене, тогаш еве нека сфати јавноста со каков човек сум имала работа.

Цело време трпев само поради децата, но сега пораснаа. Додека сум млада сакам да бидам сама и да се посветам на кариерата. Премногу сум воспитана. Јас сум дете од Скопје. Се фали со семејството, но ако е до тоа, еве моето е уште појако“, изјави Агнеса за ММС.мк.

„Мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца.

Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство, уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви.

Секогаш било битно семејството да биде заедно на ручек, на вечера, тоа се обидував да биде пракса и во моето семејство. Сепак, поради обврските на Агнеса секој ден после работа да оди во салон за убавина, семејниот ручек се сведуваше на мене и ќерките, кои се центарот на мојот свет.

Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството. Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: „Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш“, изјави Орданоски за Женски магазин.

Потоа, Агнеса објави Инста стори на кое е прикажано дека е во конкуренција за Инста Мис, и побара поддршка за гласање за неа.

Во меѓувреме, Орданоски го избриша делот од постот каде што зборува за неа, и го остави само делот каде што ѝ честита роденден на ќерката. Изгледа дека, иако не се во контакт, двајцата се следат на профилите на Фејсбук кои се отворени.

Агнеса подоцна објави цитат за кој кажа дека е нејзин. Постојат два различни типа на начин на размислување: Луѓето со фиксиран начин на размислување веруваат дека овие квалитети се вродени, фиксни и непроменливи.

Оние со размислување кое се развива, од друга страна, веруваат дека овие способности можат да се развијат и зајакнат со посветеност и напорна работа.“

На овој цитат, Оргаџиева беше потпишана. Орданоски го пронашол оригиналиот линк каде што е споделен овој цитат и напишал: „Порака до мојата поранешна, кога цитираш нешто, наведи го изворот. Сепак, цитатот е одличен.“

Неколку месеци подцна, Агнеса и Роберт си живеат, секој звој живот, а се посветени на своите две ќерки. Агнеса неодамна објави слика како ужива со ќерките на погледот на езерото Козјак, но и едно необич но видео, како гали замија- питон.

Најтазе нејзина објава е слика со мајка ѝ, Гордана, на која се гледа дека таа е убава и негувана дама, а Агнеса многу личи на својата мајка.

Претходна статијаНа овој ден пред 8 години, стоев на врвот за Македонија – Илина Арсова се присети на вaжен спомен
Следна статијаКаква носталгија чувствува Андријана Јаневска? (ФОТО)