Познатиот композитор и клавијатурист, Александар Бањац ненадејно си замина на 45-годишна возраст.
Како што дознава „Новости“, тој вчера отишол во студиото да работи и си заминал од овој свет ненадејно.
Александар бил пронајден на подот во студиото, никој не бил со него.
– Само го пресече – изјави за „Новости“ извор близок на композиторот. Да потсетиме, Бањац е роден на 22 декември 1976 година во Ќуприја.
Тој покажа голем талент и интерес за клавијатури во основното училиште. Средното музичко училиште „Исидор Бајиќ“ го заврши во Нови Сад.
Потоа се запишува на Академијата за уметности, музички отсек за композиција во класата на Милан Михајловиќ и Славко Шуклар.
Свиреше со многу ѕвезди и постигна значителен успех во музичкиот свет, а најпознат е како клавијатирист во бендот на Здравко Чолиќ.
Тажната вест се појави на социјалните мрежи, а неговите бројни колеги, пријатели и соработници се збогуваа од него со истите емотивни зборови.
Многумина се сеќаваат на неговите неверојатни настапи и соработки, вклучувајќи ја и онаа со Здравко Чолиќ, кому му се придружи во 2007 година и придонесе за фантастичната атмосфера на секој концерт.
“Чола е топ! Не знам дали некогаш ќе се појави некој што може да го замени”, рече тој пред последниот концерт на Чолиќ во 2019 година.
Многумина тврдеа дека Бањац свирел само со едната рака, додека тој истакнал дека тоа не е вистина и дека свири пијано со двете раце, а кога левата рака му била во воздух, комуницирал со енергијата на публиката.
Александар Бањац соработуваше со „Биг бендот од Нови Сад“ уште од основањето, преку белградската филхармонија, до оркестарот на операта во Српскиот народен театар во Нови Сад.
Меѓу другите соработки, тој ја издвојува онаа со Дино Дворник, Владо Георгиев, Александра Радовиќ, Јелена Томашевиќ и многу други големи sвезди.
И големиот Ѓорѓе Балашевиќ дел од своите песни ги има снимено во неговото студио. Последната слика со Балашевиќ, Бањац ја има објавено на 18 декемвври минатата година, два месеци пред загубата на Балашевиќ.
Бањац минатата година беше дел од карантинскиот концерт на Жељко Јоксимовиќ пред Стариот двор во Белград кој бепе наречен „Белград победува“.
Тој се одржа на 20 април минатата година кога цела Србија беше во карантин.
Јоксимовиќ настапи само со Бањац кој свиреше клавир заедо со него, а концертот одеше во живо на интернет и на ТВ.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин