Велигден е најголемиот христијански празник, кој го одбележува и слави Христовото воскресение. Празникот се одбележува на нешто поинаков начин и обично на различни датуми (стар и нов календар), кај православието и останатите христијански вери.
Празникот се празнува секоја година во различно време и еден е од т.н. подвижни празници.
За датумот на Велигден се зема првата недела по полна месечина на ден на пролетната рамнодневица или веднаш по неа. Кај припадниците на православната вера Велигден секоја година паѓа во период од 4 април до 8 мај.
Главното обележување на Велигден се вапцани јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал.
На ден Велигден, велигденскиот Понеделник и Вторник, кои се по него, православните христијани во светот се поздравуваат со Христос Воскресе и се одговара со Ваистина Воскресе.
Христијаните се радуваат на Велигденските обичаи, а посебно децата. Во разни делови на земјата важат различни обичаи. Па така некој вапца јајца на Велики Четврток, некој на Велики Петок, или пак Велика Сабота.
Некои ги вапцаат јајцата само во црвена боја или со кромид, а некои ги шараат на најразлични можни начини. За вапцање на јајцата задолжена е домаќинката на куќата, која во зависност од навиките, ги бојадисува јајцата сама или со децата.
Велигден е семеен празник, време кога сите се на трпезата со своите најблиски. До пред пандемијата, во Скопје имаше убава традиција, младите да се соберат пред Соборниот храм и да останат таму речиси цела ноќ.
Потоа, се одеше во некој ноќен клуб или дискотека. Во сендвичарите имаше огромни редици, оние кои постеле чекаа ред за сендвич по полноќ.
Сега традицијата нешто поинаква. Луѓето за Велигден одат обично надвор од градот, што на добар начин е опишано на Фејсбук страницата Камај.
У мое време, вечерта пред Велигден се собиравме пред Соборна, вриеше народ, улици е затвараа. После полноќ одевме во кафана или пак во Кинг Бургер или Аркадија. Тогаш за Велигден не се одеше ниту во Банско, ниту во Грција, ниту на Златибор. Овие денешниве имаат многу пари изгледа, стои во твит објавен на социјалните мрежи.
Фото: Freepic, Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин