За Лила почна лето, облече купаќи ала Памела Андерсон и замина на луксузен одмор (ФОТО)

0

Лила Стојановска во емисијата „Магазин“ на нејзината матична ТВ куќа „Сител“, зборуваше за својата кариера, за животот, и за згодите и незгодите на снимањата на „Се или нешто“.

Лила зборуваше на тема дали ѝ пречат многуте озборувања на нејзина сметка, популарно наречени тролања.

Таа рече дека не ѝ пречи кога ја нарекле Господар на прстените, туку напротив, дека тоа ѝ било симпатично.

– Кога си толку години јавна личност како јас, треба да се навикнеш на сите тие муабети.

Тие се повеќе саркастични, а јас обожавам саркастичен и интелегентен хумор, и кога на тој начин ме тролаат ми се слатки знаеш“, откри Лила.

Потоа, за неа зборуваше нејзиниот пријател и ПР Спасе Јовановски, кој е сега ТВ презентер во „Сител“, и раскажа како почнало нивното пријателство.

-Лила сакаше да ме ист епа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“.

И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.

Таа реагираше целата разу лавена: Кој ти кажа? Потоа му се јави на мојот уредник, да ме те па сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.

Лила кога е нервозна…, во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот.

Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.

Лила на својот Инстаграм профил постојано споделува слики од своите патувања и местата на кои ужива, а и ги рекламира.

Таа неодамна беше во Кападокија, и од таму сподели интересни фотографии и видеа како лета со балон. За Кападонија, таа на Истаграм напиша:

– Дури денес ми стана јасно зошто луѓето од целиот свет доаѓаат во Кападокија. Постојат многу начини да се доживее адреналин, но тврдам дека ова е еден од најубавите.

Таа од неодамна е повторно активна на Фејсбук, а таму сподели уште една интересна фотографија, повторно од Турција, овој пат од убавиот и по малку снежен Истанбул.

Во описот на фотографијата таа ги спомна ликовите од популарните турски серии: „Истанбулската невеста“, „Романтичарот“, „Бурни времиња“…

– Секоја уличка, секој ѕид, секоја стреа имаат своја приказна…приказна за нечиј живот, нечија љубов, нечиј успех….

Тука прошетал романтичарот, некоја истанбулска невеста ги сликала свадбените слики, Џемиле купувала цвеќе…да тоа се улици кои секој бар еднаш во животот треба да ги прошета. Истанбул“, напиша Лила.

Таа и сега ужива во Турција, поточно во Анталија. Лила позираше прво од скопскиот Аеродром, за да најави дека ќе патува.

Потоа објави видео во убав хотел во кој ужива со поглед на базенот пред неа.

Следно видео од патешетсвието на Лила е од плажа, каде што таа е во костим за капење ала Памела Андерсон од серијата Чуварите на плажата.

Лила всушност сакала да се слика, но нејзиниот асистент Спасе ѝ направил видео, кое иако таа на почетокот како да не го одобрува, излегло одлично.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаМакедонската водителка: Се мажив Австралија, не ме барајте појќе
Следна статијаТрифун Костовски: Проштевање – за да си ја сочуваме нашата татковина