Водителот Ненад ужива со близнаците, и двајцата се копија на татко им (ФОТО)

0

Ненад Ѓорѓиевски е еден од нашите најпознати радио и ТВ водители.

Го гледавме на разни телевизии во многу проекти како „Во сабота попладне“, потоа „Нешто се крчка“, Македонски Идол.

Неговиот глас им е познат на слушателите на радио Фортуна, на Македонското радио и на Хит радио каде штп има пречекано разни гости од светоот на естрадата.

Ненад Ѓорѓиевски и неговата сопруга Горана по седум ипол години во брак, се остварија во улогата на родители, и тоа на близнаци, машко и девојче.

Нивниот свет сега се врти околу близнаците Љупка и Иво кои имаат пет години. Токму тие им беа инспирација да ја реализираат детската емисија „Мини вести“, каде што децата одлично се снаоѓаат во улога на професионални презентери и репортери.

Во една прилика, Ненад раскажа како тој и Горана се организираат околу грижата за близнаците без никаква помош и покрај многуте дневни и ноќни работни обврски.

Во 7 часот сме сите на „нога“ без оглед дали е работен ден или викенд. Градинка, прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и мнооогу играње во нашиот дом.

Кога сакаме спортуваме а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет“, изјави водителот.

Тој додаде дека отсекогаш им се восхитувал на оние кои имаат близнаци и оти потајно се надевал дека и тој и неговата сопруга ќе имаат близнаци.

Отекогаш сум им се восхитувал на близнаците а во детството имав и близначки другарки.

Секогаш потајно сакав да бидам татко на близнаци и иако кога ја дознавме веста дека Горана е бремена со две во првите две минути ни беше ш ок.

Сепак, од првиот момент сме благословени родители на близнаци“, рече водителот.

-Бидејќи немаме помош, одговорноста и обврските кон нив од првиот ден се само наши. Во првата година имавме среќа едната баба да ни е жива па првите месеци да ја имаме и нејзината поддршка“, рече Ненад.

Тој сега често на Инстаграм објавува слики од своите наследници, а најчесто сликите се од моментите кога уживаат во природа.

Така може да се забекежи дека близнаците се многу вредни деца, па му помагаат на својот татко во домашните работи.

Ни, она што „од авион се гледа“ е дека децата на Ненад и на Горана се копи-пејст на татко им, и двајцата многу личат на Ненад.

Фото: Инсраграм принтскрин

Претходна статијаЗдравко Чолиќ ненадејно загуби важна личност
Следна статијаЛејла Рамковска почна да го „продава“ своето знаење – еве која позната водителка ја научи да стои на глава (ФОТО)