Тамара за влакно се спаси, животот ми го скрати: Тијана раскажа емотивна приказна за сестра си

0

Тијана Дапчевиќ е една од најпопуларните пејачки во Србија, во Македонија и во целиот регион. Тијана се покажа и како одлична актерка, со улогата на Ула во серијата „Преспав“.

„Преспав“ неодамна ја емитуваше својата петта сезона. Тијана беше гостинка во емисијата Еден на еден која ја води Жаре и таму раскажа многу нешта, а дел од нив се за тоа како поминало снимањето на „Преспав“.

Тијана рече дека било тешко да се снима во услови на пандемија, но и раскажа случка врзана за Талат- Дритон.

-Многу беше мачно, најмачно беше тоа што не се дружевме. Ние веќе се познаваме као огромна фамилија, а овој пат имавме договор да се движиме само дома и на снимање.

Секогаш кога снимаме, снимаме по 35-40 дена. Но, ние никогаш не сме си повисиле тон еден на друг, функционирме одлично.

Освен помеѓу брачниот пар Ула и Коста. Јас и Игор се однесуваме навистина како брачен пар, тој кога ќе ждригне јас му викам: Свињо една“, рече Тијана и раскажа како Јелена Јованова ја научила како да стане тата-мата за учење на улогата.

„Јелена ни вика дека јас и Игор сме како вистински брачен пар. Инаку, таа и васил најмногу ми помогнаа“, рече Тијана и раскажа интересна случка.

-Еднаш завршивме порано со снимање и му викам на Дритон (Талат), ајде да се враќаме пешки од телевизија дома, место да не возат. Наидовме на една кафана, внатре празно, жив човек нема.

Му викам, ај да велземе на кратко, една ракија, едно мее, малце да се опуштиме. А не смеевме, според договорот само дома и снимање. Ама во кафаната баш немаше жив човек, за што си направив и снимка.

Ни се јавува Васил: Кај сте? Му кажавме, а потоа дојде и тој. Поседовме еден саат. Утредента разбрале од продукцијата дека сме го прекршиле договорот, и среќа не бевме казнети, само опоменати“, рече Тијана.

Таа рече и дека пред да почне пандемијата и рекла на своја пријателка: Сакам светот да застане барем на три дена.

Десет дена потоа, тоа се случило, почнала пандемијата и карантините.

Раскажа и за својата сестра Тамара, за една неубава случка кога Тамара со мотор влегла во излог на продавница.

„Се занесе, место кочница, таа стиснала гас и влезе со мотор во „Просветно дело“. Кога отидов во болница да ја видам, што да видам, целата чалмосана, само очите ѝ се гледаа од сите завои.

Докторот ми кажа дека за влакно се спасила. И сега не ми е добро кога зборам, животот ми го скрати“, рече Тијана.

Пејачката раскажа и за тоа дека таа и Тамара и сега се караат како мали деца и дека кога Тамара ѝ е лута ја блокира на сите мрежи.

Кога сестрите Тодевска и Дапчевиќ се скарани, интервенираат нивните родители, исто како кога биле мали.

„Тамара ме блокира на вибер, на вацап, ме брише од Инстаграм, па потоа пак ме враќа. Но, ние сме како црева поврзани. Таа е мојата половина“.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПознатата пејачка од Гостивар полни 53 години, а изгледа како девојче: Го покажа семејството и упати убава порака
Следна статијаЗдравко Чолиќ една песна пее со голема страст, има посебна приказна зошто е така