Тамара направи нешто специјално за својата ќерка, Хана регираше со многу емоции (ФОТО)

0

Тамара Тодевска е една од нашите најпознати пејачки во поп- музиката, која го освои седмото место на Евровизија со песната Proud во Тел Авив во 2019 година.

Таа е мајка на две деца, Хана и Дарен кои ги има со сопругот Александар. За својот сакан кој го носи прекрапт Мачка Тамара зборувше во едно интервју.

-Јас сум уметник и особено во овој креативен дел вистински се обидувам да спознаам други светови и приказни.

Задоволството кое го чуствувам, навистина ми дава можност да пеам за работи кои се исто така уметнички емотивен предизвик но се туѓо искуство, кое инспирира.

Во минатото не можев лесно да ги пеам песните кои не беа инспирирани од моите емотивни состојби. Денес тоа е поинаку, бидејќи чувствувам потреба да си дадам одговори за некои теми кои навистина не се дел од моето секојдневие.

За мене овој креативен исчекор е предизвикот кој ја освежува мојата работа со колегите продуценти и текстописци. Инаку и да немам песна посветено на Мачка, на него мислам секогаш кога пеам“, рече Тамара во Женски магазин.

Откако ѝ се случи грешката со химната во Американската амбасада, Тамара едно време се повлече од јавноста, па потоа во Слободен печат го искоментира овој настан и она што го чувствувала.

-Моите пријатели многу добро знаат која сум и во што верувам. Немаше потреба да им објаснувам што се случи, ниту да им се правдам. Моите пријатели не ме гледаат мене како ѕвезда, пејачка. За нив јас сум Тамара – пријателката.

Не велам дека немаше коментари на одредени луѓе што навистина ме повредија, но како што кажав, цело ова искуство ме направи похрабра и ми помогна уште повеќе да верувам во себе.

Тој цел период беше една тешка битка. Не со луѓето околу мене, туку со гласот во мене. Борба на позитивното и негативното.

Од една страна гласот што ми велеше дека сè ќе биде во ред и дека ова ќе помине, а од друга страна, оној негативниот глас, што те тера да се откажеш, да престанеш да веруваш во себе и да почнеш да веруваш во она што го велат луѓето кои патем не те ни познаваат вистински.

Среќна сум што победи првиот глас. Среќна сум за научената лекција. Сега е време за нови победи и успеси“, изјави Тамара. Таа во истото интервју зборуваше и за своите деца:

-Хана е родена пејачка. Кога ја гледам неа, се гледам и себеси. Има голема самодоверба и не се плаши да го каже тоа што го мисли.

Како мајка јас само сакам Хана да биде среќна и да верува во себе. Самата ќе си одлучи што сака да биде во животот.

Дарен е многу посмирен од Хана. Уште е премал за да видиме кои таленти ги има наследено, дали оние од тато или оние од мама.

Моите деца се светлината во мојот живот и бескрајно сум благодарна што ја имам можноста да бидам мајка. Јас уживам во секој момент поминат со нив и факт е дека ме направија подобра личност“, рече Тамара.

Таа објави стори од својата ќерка Хана во кое кажува дека слави роденден, и пејачката ја изненадува својата ќерка на интересен начин.

Имено, малата Хана влегува во автомобил каде што ја чека завиткан подарок и балон.

Се гледа дека Хана е воодушевена од изненадувањето од својата мајка, и на следната слика таа среќна позира со својата нова играчка.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаМилена од Канал 5 покажа како изгледа на плажа во бикини: Не знам што попрво да направам
Следна статијаШерифовиќ летна за Дубаи и ѝ се случија големи проблеми на аеродромот