Спенџарска ја покажа мајка и, си личат како да се другарки (ФОТО)

0

Спенџарска Јелена е една од нашите најпознати водителки- новинарки, а во последно време и инфлуенсерки. На крајот на минатата година, таа на Инстаграм се пофали дека инфлуенсерскиот бизнис супер ѝ тргнал.

-Мислам дека татко ми отсекогаш знаеше дека ќе бидам новинар…. Јас како мала сакав да бидам принцеза (сериозно) но тој ми велеше, -Не, таа „професија” не е за тебе, ти еден ден ќе бидеш новинар, ќе видиш….

Така потсвесно израснав со таа помисла и кога дојде ред да се запишам на факултет, немаше дилема… Се запишав на правен, отсек новинарски студии и добро ми тргна… Ништо од мојот сон да станам принцеза хах“, изјави таа во интервју за exclusive.mk

Јелена едно време беше и манекенка, и се има појавено во неколку видео спотови, а за тоа време зборуваше во истото интервју.

-И покрај тоа што сум се појавила на неколку ревии, манекенка никогаш не сум била.. Можеби било тоа некоја тинејџерска желба, но никогаш не сум сакала комплетно да се посветам на таа професија. Не би можела да одберам помеѓу новинарство или водителство.

Во новинарството повеќе можам да дојдам до израз зашто креативноста ми работи 300 на саат и тука сум вистинската јас.

А, што се однесува до водителството, посебно емисијата која моментално ја работиме, тука мораш да ги смириш ст-растите и да дадеш малку посериозен пристап на темите кои што ги обработуваме.

Мораш да внимаваш што зборуваш, на било каков начин да не пов-редиш некој од гледачите, да бидеш спремен на секакво прашање или критика и да не си ставаш ништо при срце…тоа е најважното“, рече Спенџарска.

Јелена минатата година на Инста се пофали колку се променила и дека сите свои убави и помалку убави работи си ги запишува во дневник.

Во само една година ми се исполнија најголемите три желби кои си ги посакував од мноооооогу одамна, а добив дури и многу повеќе! Еве само дел:

-Добив виза за Америка, ги спакував куферите и заминав во градот на ангелите, LA ! Поминав две незаборавни недели во Калифорнија, земја која промени од корен некои мои ставови за животот и создаде во мене желба повторно да се вратам таму и да биде за мнооогу подолго (if you know what i mean).

Нооо, си купив станче!!! Во Скопје. Yeeee!!! Нова градба, топ локација каква што си замислував од мала. Почнав да медитирам речиси секоја вечер (life changing!). Почнав да пишувам дневник и не ми се верува (сериозно) колку покреативен човек ме направи оваа навика.

Работата на инстаграм порасна за 10000% и ми донесе предобри договори со кои ќе ве изненадам за многу брзо“, откри Спенџарска. Таа е многу поврзана со своето семејство, особено со внуката која често ја објавува на социјалните мрежи.

Овој пат, Јелена објави слика и од својата мајка за која многумина коментираа дека изгледа како да ѝ е другарка.

– Внука, тете и баба“ напиша Јелена и објави слики од внуката и мајката во спортска облека. Нејзината мајка изгледа многу младолико.

Јелена многу наликува на мајка си, и на сликата навистина личи како да се другарки, а не мајка и ќерка.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаНоне си направи плажа во Велес, се сончаше, се пофали на Инста и упати порака
Следна статијаМногу семејства сé уште живеат како да е 19 век: Реакција на жителите на Ново маало за изградбата кај Холидеј Ин