Сакам да му одговорам на она „мажиштето“ што не бил кученце за да седи дома со жена му

0

Пред извесно време на социјалните мрежи, се рашири статусот на еден маж кој наведе неколку причини зошто мажите ги оставаат своите жени, односно, зошто тој ја напуштил својата жена.

Меѓу другото, тој како важни причини ги наведе односот и расположението на жената која не го цени неговиот личен простор. Имено, тој никогаш не можел да биде кученце, туку лав кој има свои потреби.

Прочитајте го накратко неговиот статус, а потоа и реакцијата на една Јасмина, која распали со својот жесток одговор и наиде на поддржување од многу истомисленички.

“Жени, се мамите ако си мислите дека кога ќе ве напушти мажот, тој тоа го прави за да брка други жени кои се поубави од вас. Тој вас ве напушта затоа што вие сте престанале да се грижите за него. Еден нормален маж нема да се осмели на доживотна робија со жена која го занемарува.

Не, драги жени, вие сите сакате од својот маж да си направите домашно милениче и ако така го третирате тој ќе си замине од вас. Мажот е лав, ѕвер и не може да биде кученце.

Втора причина зошто ве напуштаме е затоа што ни правите инвазија на нашиот личен простор. Ако мажот се оженил со вас, јаде и спие и има деца со вас, тоа значи дека не смее да има свој личен простор и слободно време?

Третата причина зошто ве напуштаме е поради недостиг на благодарност. Те облакам, те хранам, ти купувам цвеќе и сè што ти треба, а ти тоа го земаш здраво за готово? Драга жено, тешко ти е да ми кажеш фала?

Четврта причина кога мажот ја напушта жената е затоа што таа се запуштила себеси. Грижи се за твоето тело, депилирај се, користи парфем и облекувај се добро за својот маж.

Ако твојот маж гледа по други жени, немој да си мислиш “…ако, нека гледа…”, зошто тој малку повнимателно ќе ја погледа другата…

Петта причина е одбојноста. Е ако си му станала одбојна, тогаш подобро е да го пуштиш, зошто згрешил во својот избор и не те сака. Секој има право да згреши во изборот.

Шеста причина зошто мажот ја напушта жената е нерасположението. Таа секогаш е бесна, незадоволна, тажна… Е, тогаш мажот не брза да се врати дома и така со текот на времето ја напушта жената и семејството.

Жената треба да да биде празник, енергија за мажот.. едвај да чекаш да ја видиш за да споделиш со неа нешто. Ако жената му ја зема среќата, енергијата и силата на мажот, тогаш тој еден ден ќе си замине од неа.

Знам дека сите мажи ќе ме поддржат во моето мислење, зошто и самиот сум маж и знам дека ниедна кратка суќна не може да те одвои од жената која ја сакаш и ако си среќен во домот” – заклучува овој маж.

Одговорот на Јасмина: “Каков се к истички текст. Па и на жената и е потребен простор. Таа не е слугинка која оди на работа, работи по дома, чува деца и убава е за мажот за да ги задоволи неговите потреби, а после господинот да се одмори и да има свој простор за забава.

Бракот е нешто друго, заедница на двајца луѓе кои се сакаат со исти прави и задолженија.

И жените имаат потреба да се одморат, да се осамат, да излезат со другарките. Само во сето тоа треба да се има умереност. Инаку бракот ќе пукне.

Исто така, ниту потребите во креветот не се исти како на почетокот, ама се многу слични. Жените не можат секогаш да бидат спремни и на копче за мажот кога нему ќе му се присака. Мажите забораваат на малку нежност и романтика.

Сè е взаемно и љубовта и вниманието и обврските и забавата. А ти ако си егоист и мислиш дека жена ти треба да ти биде благодарна, запрашај се зошто жена ти е тажна и нерасположена? И таа има право на свој личен простор и да земе здив од семејните обврски!

Зар мислиш дека треба со насмевка да те пречека кога ќе се вратиш пијан во раните утрински часови? И уште да ти биде благодарна?

Ти веројатно уште мислиш дека си ерген, а дека жена ти треба да ти биде мајка и да се грижи за тебе…жално и патетично!”, му одговори таа.

И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаГо фатила со „другарка“, а после му открила и пораки: Верче од Кавадарци нема среќа со мажите
Следна статијаДали Марија Шерифовиќ и Карлеуша разговаараат или уште се скарани?