Поранешната манекенка, а сега наставничка Маја на луксузен одмор во Дубаи – пливаше со делфини (ФОТО)

1

Порано беше активна на модната сцена, и беше една од најпознатите манекенки и фото модели, а учествуваше и во многу спотови.

Манекенката Маја Глигоровска беше позната по прекарот Маја Г.

Пред три години, Маја се фотографираше со модниот менаџер Мики Црнокрак, и со уште неколку поранешни колешки и пријателки.

“Најдоброто од Црнокрак”, пишува на фотографијата. Додека се занимаваше со манекенство, Глигоровска има освојувано многу титули.

Најважна е онаа за Мис бикини Универзум во Кина, пред 15 години.

Манекенката Маја, денес е посветена на сосема друга професија. Таа работи како одделенски наставник во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Аеродром.

По пет години брак се раздели од сопругот Никола Николоски, со кого го има четиринаесет годишниот син Константин (Тино).

Иако денес не работи како модел или како водителка на забавни емисии како во минатото, Маја редовно објавува фотографии на социјалните мрежи и изгледа совршено.

“Се повлеков од манекенството затоа што го достигнав врвот. Јас сум дипломиран одделенски наставник и оваа работа ме исполнува”, изјави Маја. Таа беше член на модното студио “Црнокрак”.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ Маја раскажа дека на моменти и недостасува модата, но потенцираше и дека педагогијата отсекогаш била нејзина голема љубов.

Исто така ,зборуваше и дека многумина ја осудуваат поради тоа што е наставничка.

– Луѓето не ме знаат, а ме осудуваат. Не ја познаваат мојата суштина, јас во времето кога почнав да работам како учителка минував низ тежок период во животот.

Во тој момент се разведував, останав самохрана мајка и барав само можност и прилика за да работам.

Дипломирам педагог сум, неодамна станав и магистер за односи со јавност, цело време се надоградувам и вложувам во себе и мојата кариера, децата ме сакаат и тоа ми е најважно од сè, рече Маја во интервјуто.

Маја е често во друштво со водителките Јована Стојаменовиќ и Лила Стојановска, за што сведочат фотографиите од нивните заеднички излегувања.

Таа е многу горда на својот син Константин и повремено објавува и негови фотографии.

Таа неодамна прославила роденден во интересен и необичен амбиент, и добила оригинално изненадување за роденденот.

Маја објави слика како ужива во ресторан покрај аквариум, а нуркач се доближува до нејзината маса и ѝ носи натпис на кој пишува Среќен роденден.

Маја за оваа прилика се дотера во кусо жолто фустанче и се пофали на Фејсбук, по што доби многу честитки од пријателите.

Глигоровска и сега живот си живее, таа е замината на луксузен одмор во Дубаи.

Маја секојдневно објавува слики од тоа кко ужива на разни места, но последните привлекоа мнгогу внимание.

Згодната наставничка безгрижно си плива со делфини, и се гледа дека во овој одмор ужива стопроцентно.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПознатата наша пејачка се омажи во Лас Вегас, живее во Њу Џерси, но не ја заборава Македонија
Следна статијаВладо Јаневски во своето ново дело: Се распаѓам по сите шавови