Песна на легендарниот Кемал Монтено крие емотивна приказна поврзана со македонски музичар

0

Легендарниот босански пејач Кемал Монтено засекогаш го напушти овој свет на 21 јануари во 2015 година.

Нема кој не го сакаше добриот Кемица, така сите пријатели го викаа, објави тогаш Вечерњи лист.

Тој последните мигови ги помина во болницата Ребро во Загреб, а си замина на 67-годишна возраст. Сараевскиот пејач тој ден бил хоспитализиран поради тешка инфек-ција.

Тој бил на апарати за дишење, но бактериите влегле во неговата к -рв и тој се упокоил од сепса.

Кемал Монтено со години се бореше со дијабетес, што му ги оштети бубрезите. Во ноември во 2014 година му беше извршена трансплантација на бубрег.

Иако по трансплантацијата сè беше во ред, тој повторно беше хоспитализиран на католички Бадник во 2014 поради силно воспа-ление на ури-нарниот тракт. Кемал дел од својот живт опиша во едно интервју за Вечерњи лист.

Зборовите на мојата песна „Доли Бел“ најдобро го отсликуваат моето растење во Сараево. Песната вели „немавме ништо, но имавме сè“, а сега имаме сè, но немаме ништо. Јас сум од мешан брак.

Татко ми Освалдо беше Италијанец, кој се в вљуби во мајка ми Бахрија. Затоа, растењето беше интересно. Иако, најважно за мене е што татко ми беше прекрасен човек, кој го сакаше Сараево повеќе од цела Италија.

Се оженив со мојата Бранка на млада возраст, добивме две деца уште кога бевме многу млади. Сега имаме две на мала возраст, но и две внуки на кои сум бесконечно горд.

Јас не ја градев кариерата на сканд-али, туку на добри песни, а публиката го препозна тоа. Веројатно зошто издржувам толку долго.

Публиката ме следи насекаде и уживам да пеам со ист жар во Врање, Белград, Скопје, моето Сараево или кој било друг град. Јас ја изградив својата кариера во Југославија.

Иако сега се поставени „некои“ граници, тие не ми значат ништо, тие за мене се само формалности. Во секој град има мои пријатели и моја публика, а тоа е најголемото богатство“, рече Кемал во едно интервју.

Една од неговите песни, „Душо моја“ била омилена на Зоран Џорлев, познатиот музичар, виолинист, професор кој со замина од овој свет на 1 јануари годинава, поради последиците од вирусот.

Таа песна, сега ја прарботи, неговиот внук, пејачот Огнен Здравковски, кој на емотивен начин ја претстави на социјалните мрежи.

-Драги мои, сите знаете изминатиов период ми се случи нешто што најмалце го очекував… Поч-ина мојата најголема поддршка и идол, мојот вујко Зоран Џорлев…

После таа загуба направив подолга пауза, се повлеков, со пеењето и мојата кариера, но еве сега се решив да се вратам, да снимам и да извадам нешто ново…

Направив преработка на една преубава песна од Кемал Монтено – “Душо Моја” и како што имав најавено претходно, ја посветувам на него.

Вујче мој, јас и ти си знаеме зошто баш оваа песна и знам дека ќе ја слушнеш и ќе ја видиш таму негде од горе, а вие слушнете, видете и се ќе ви стане јасно…

Новиот аранжман и целото аудио (mix and master) го направи мојот драг колега и другар Александар Тарабунов , а преубавото видеото го направи (според мене, најдобриот) Зоран Зонде Стојановски.

Виолините ги отсвире мојата најмила сестра Оле Шундиќ, а девојката што го разубаве спотот е Анастасија Димеска. Гледајтe, слушајте и уживајте, се надевам дека ќе ви се допадне и доколку ви се допадне ја очекувам вашата поддршка! Лајкнете, коментирајте и споделете! Ваш Огнен, ВЕ САКАМ!“, напшиша Здравковски.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаМаж ми го испративме кога бев трети месец бремена, мајка ми ме тераше да се чистам, свекрвата ме молеше да не го правам тоа
Следна статијаНе сакам да сум домаќинка, на други им плаќам да го прават тоа место мене: Познатата пејачка ја направија лом за оваа изјава