Убавата Билјана Ѓошева јавноста ја запозна со учеството на музичкиот натпревар Македонски Идол, и таму беше еден од фаворите на тогашното жири во состав: Тони Михајловски, Калиопи и Игор Џамбазов.
За потсетување, тоа шоу се емитуваше на А1 телевизија и беше целосно домашен проект.
На изведбите на Билјана најмногу им беше наклонет Игор Џамбазов, кој имаше многу пофални зборови за пеењето на Билјана.
Потоа, Билјана ја продолжи својата кариера во „Тумабо салса бенд“ групата на Петар Ренџов која изведува кубанска музика.
Билјана во времето на „Идол“ беше со Иван Раденов од Гевгелија, победникот на ова шоу. Во интервјуто за Точка, таа зборуваше и за оваa врска.
– Вака од денешна перспектива, таа врска се засноваше на блискоста која што ја имавме во текот на проектот. Бевме во карантин додека траеше Идолот, не затворија во хотел тој период. Кога си во мал круг, се дружиш и нешто повеќе може да се случи.
Кога заврши се, кога излеговме од таму сфативме дека дружењето може да ни остане. Така ја прекинавме романсата, а денес сме пријатели, се почитуваме, не сме скарани. Но приватно не би можеле да функционираме“.
Билјана со „Тумбао салса бенд“ одржа успешни настапи и концерти, но веќе не е дел од таа екипа. Таа била пејачка и на двата полни концерти во Универзалната сала на која дошле многу познати личности.
Изминативе месеци, на плоштадот „Македонија“ во Скопје има доста улични музичари. Тие ги забавуваат минувачите кои им оставаат по некој бакшиш.
Со оглед на тоа дека музичарите се во лоша состојба за време на пандемијата, таа поддршка од народот им е и тоа како добредојдена.
Една од тие која пее nа скопскиот плоштад е Билјана, според сликите што ни ги испрати читател.
„Билјана има супер репертоар на екс ју хитови, македонски песни, но и латино- америакнски кои ги пеела со Тумбао салса, како и светски хитови“, вели тој.
Оваа девојка е добар пример дека од никаква работа не треба да се срамиме, и дека веројатно стаусот ѕвезда кај нас е релативен.
За Фокус, Билјана отворено прозборе за нејзиниот статус на уличен музичар и за причините поради кои се одлучила на овој чекор:
– Одлуката ја донесов сама бидејќи не гледав друго решение кое би ги задоволило потребите кои ги имам како некој што не само што живее од музика туку и живее за музика.
Јас сум во овие води веќе 10 та година па едноставно пеењето ми прерасна во една дневна активност и рутина.
Одамна сакав да го направам тој чекор бидејќи веќе ја имав почувствувано таа енергија на „улично изведување“ во Солун со локални музичари па така многу лесно се охрабрив да го направам тоа и овде, но секако главната причина за тоа е оваа ситуација во која јас го пронајдов својот начин.
Многу ме радува фактот дека минувачите го поздравуваат овој потег, нивните реакции се прекрасни и постојано добивам комплименти, па во оваа прилика сакам да им се заблагодарам за тоа. Навистина е добро кога ќе слушнете дека за момент на некого сте му го направиле денот поубав“.
Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин