Познатата наша пејачка се омажи во Лас Вегас, живее во Њу Џерси, но не ја заборава Македонија

0

Кога се појави на македонската фолк-сцена, многумина ја нарекуваа барбика. Јасммина Мукаетова веднаш привлече внимание со својот стил, песните, но и понекоја провокативна фото сесија.

Токму кога почна да станува најбарана за свадби, веселби и разни настани кај нас и во дијасората, Јасмина се повлече од музиката.

Убавицата од Кавадарци се омажи за својот сограѓанин Трајче Ристевски и замина да живее во Америка, во Њу Џерси.

За Трајче, медиумите пишуваа дека има успешен приватен бизнис, своја фирма за транспорт, во кој и Јасмина учествува.

Јасмина од време на време доаѓаше дома, а највпечатливо доаѓање во Кавадарци беше она во летото во 2018 година, кога таа по вторпат стана невеста, и тоа со истиот младоженец.

Со класична свадба, Јасмина Мукаетова и нејзиниот сопруг Трајче Ристевски прославија десет години брак. Веселбата се одржа во една позната винарија близу нивното родно Кавадарци.

На свадбата имало над 150 гости, меѓу кои и многу нејзини колеги со кои сега се гледа се’ поретко, како на пример Благица Павловска.

Таа, како што тогаш објави порталот „7 дена.мк“ пееше седната на маса, а невестата Јасмина качена на маса.

На свадбата настапиле и познатите пејачи од Србија, Бане Моиќевиќ и Снежана Ѓуришиќ, а Јасмина била облечена во бело, како за првпат да се мажи и според сликите изгледала одлично.

Кога беше во Македонија, Јасмина сними и нов спот, кој претставува разгледница на Македонија, поточно на нејзиниот роден крај, тиквешкиот.

Станува збор за преработка на песната „Дејгиди луди млади години“. Спотот е снимен на Тиквешкото езеро, и во него глумат синто Дине и внуката на Јасмина, Теа.

Јасмина и Трајче бракот се венчаа во 2008 година во Лас Вегас, и уште оттогаш си ветиле дека кога-тогаш ќе имаат класична македонска свадба со сите салтанати. Желбата си ја остварија десет години потоа.

Мукаетова денес, како што погоре споменавме со семејството живее во Њу Џерси. Има два сина, Дине и Зуко. Нивната љубов се роди во Америка додека таа беше на турнеја.

По прекарот Зуко е познат сопругот Трајче, кој како што објави „Фокус“ неодамна, донираше за изградбата на нов зелен парк во Каварадци.

Средствата за него во висина од 3.600.000 денари се донација од бизнисменот Трајче Ристов – Зуко, кој е сопруг на Јасмина Мукаетова, и една позната приватна компанија.

Градоначалникот Митко Јанчев за ,,Фокус” ја потврди веста за донацијата за изградбата на паркот, и рече дека Ристов донирал 2.500.000 денари.

Мукаетова сега го живее американскиот сон, но повлечена од јавноста. Таа на социјалните мрежи објавува семејни слики, но не ја заборава и поддршката за Македонија.

По фудбалскиот натпревар со Германија во кој Македонија триумфираше, Мукаетова ја смени профилната слика на Фејсбук со знамето на Македонија и со тоа даде поддршка на нашите играчи.

Јасминче е и одлилчна домаќинка, па на Фејсбук знае да се пофали со ручеците кои ги готви, но и со македонските традиционални специјалитети што се се уште дел од нивното секојдневие како на пример домашна баница која младата домаќинка ја замесила.

Таа и сега изгледа исто како и пред скоро 13 години кога си замина од Македонија, и го негува истиот имиџ, долгата виткана коса по која е препознатлива.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаПо министерот Филипче, синоќа и директорката на Инфективна Стевановиќ предупреди за потешките клинички слики
Следна статијаПоранешната манекенка, а сега наставничка Маја на луксузен одмор во Дубаи – пливаше со делфини (ФОТО)