Новинарката Мери Јордановска секогаш добива многу реакции на Фејсбук за статусите кои јавно ги постира, а во нив отворено зборува за актуелната состојба кај нас, врзано за многу теми.
Таа искоментира за оние кои им се потсмеваа на здравствените ртаботиници во салата Борис Трајковски кои танцуваа на новата песна на Дац и Алексадра, „Вакцина“. На Фејсбук се споделуваше ова видео и на многумина им беше симпатично.
На него танцува и Денис Јанкуловски- Космонаутко. За оние кои овој танц го нарекоа оро и кои ги осудуваат, Јордановска напиша:
На овие што „играат оро“, не можете за влакно да им се фатите. Оти во живот не сте виделе ништо подалеку од стокмена фотелја.
Не само вие, и не само ВМРО…, за влакно не можете да им се фатите ни на Стојко, ни на Ленче, на сите кои кренале глас и работеле според принципи согласно професијата и сето она што истото го носи истата, па макар таа била и да се внесе позитива во сето мртвило или стандарди кои досега ни се чинеле непознати.
Ве жалам господа, што никогаш нема да сфатите што значи тоа. Јаз’к за сите слепи послушници кои во сите овие години не начучија ништо освен „браво министере“ и „оставка“ и за сите полтрони.
Побогати сме од сите вас. Барем ќе пееме и плачеме, од душа, а не од партиски побуди“, рече новинарката.
Таа е позната и како голем љубител на животните и борец за нивно добро, па затоа новиот статус што го објави е поврзан со утрото во кое станала во 5…
Не дека ги презирам, ама лично не верувам во местенки, ботокси, напучени усни, совршени фризури, уметоци, милион филтри, совршени животи и совршено наместени фотки со life quotes…
Верувам во моменти кога ќе дојде 5.10, а ти се симнуваш пред зграда и едно вакво суштество трча накај тебе и не знае што да направи од радост.
Се превртува и пушта звуци што никогаш нема да ги заборавиш, а не можеш ни да ги изимитираш, таа чиста среќа и радост, а ти немаш да му понудиш ни трошка храна, оти и тебе ти е празен фрижидерот;
Верувам во луѓе кои во 4 сабајле ќе ти пишат како си ма, а тебе солзи ти течат, им велиш добра сум, а тие знаат дека не си и знаеш дека тие ти се за цел живот;
Верувам во несовршености, во оштетени луѓе, какви што сме сите, на еден или друг начин, верувам во длабока тага и уште подлабока радост, верувам во луѓе без предрасуди…
И ете затоа, оваа радост, со ова живо суштество, ја споделувам со вас, додека во исто време владее и тага, оти не, не сме совршени, каков што е овој Фејсбук.
Живи сме, и се што чувствуваме е нормално! Добро утро, драги луѓе!“, напиша Јордановска на Фејсбук.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин