Нашиот најпознат доктор со прогноза, кога може да се очекува пикот од овој бран

0

Македонија се соочува со можеби најсилниот бран од почетокот на ковид пандемијата. И не само Македонија. Слична е ситуацијата во многу европски земји.

Мерките кои се превземаат, здравствените власти ги оценуваат како доволни, иако многумина бараат полицискиот час да се продолжи, па дури и да има еден „локдаун“ викенд, за да се спуштат бројките на нови позитивни.

Министерот за здравство Венко Филипче, предмалку ги објави најновите бројки за изминатото деноноќие, кои се слични на вчерашните, кога беше достигнат неславен рекорд на ипокоени, кој достигна 50.

-Во последните 24 часа се направени 4.920 тестирања, а регистрирани се 1.394 нови случаи на КОВИД-19 во Скопје 592, Куманово 104, Битола 101, Прилеп 63, Велес 60, Кавадарци 50, Охрид 39, Тетово 38, Штип 37, Гостивар 35, Струмица 31, Кичево 30, Кочани 24, Неготино 21, Свети Николе и Ресен по 19, Гевгелија 18, Струга 17, Радовиш и Берово по 14, Делчево и Виница по 11, Крива Паланка 10, Валандово 8, Богданци 6, Демир Капија 5, Македонски Брод 4, Дебар 3, Пробиштип, Кратово и Пехчево по 2, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран по 1.

Пријавени се вкупно 45 поч инати лица: 15 од Скопје ( 95г , 88г , 88г , 87г ,84г , 84г , 83г , 76г , 74г , 74г , 72г , 69г , 69г , 60г и 50г ) , – по 4 од Прилеп (82г , 71г , 56г , 54г) – по 3 од Тетово (80г , 75г , 74г, ) и Гостивар (80г ,74г, 66г) , – по 2 од Битола ( 79г и 71г) ,Куманово ( 76г и 67г ), Струмица ( 74г и 66г) , Кочани (68г и 63г) и Кичево ( 71г и 61г) – по 1 починат од Кавадарци (65г) , Штип (50г) , Гевгелија (65г) , Велес (83г) , Ресен (70г) , Радовиш (65г), Виница (70 г), Валандово (60г) , Демир Капија(72г)и Демир Хисар (66г).

Регистрирани се 479 оздравени пациенти од Скопје 245, Прилеп 35, Кавадарци 27, Куманово и Велес по 21, Битола и Свети Николе по 15, Гостивар,Струмица и Гевгелија по 12, Кочани 11, Неготино 10, Тетово 9, Берово, Валандово и Богданци по 6, Пробиштип 4, Кичево 3, Македонски Брод 2, Штип, Ресен, Радовиш, Виница, Крушево, Кратово и Пехчево по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 638.327 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, бројката на оздравени пациенти е 108.676, на поч инати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553.

-Болниците се преоптоварени како никогаш од почетокот на епидемијата, рече Филипче денес, во изјава за медиуми. Но дури и сега има слободни кревети и ниеден пациент нема да остане без соодветна лекарска нега.

-Колегите прават се. Има пациенти со многу тешка форма, се лекуваат согласно стандардите, но за жал, и покрај преземените мерки, кај некои лекувањето нема ефект.

Има пациенти со клиничка слика и страшни манифестации на белите дробови и крвта какви што пулмолозите и колегите инфектолози досега не виделе. Нема ефект од терапијата и, кога состојбата ќе се влоши, и покрај се што се прави, нивните животи не можат да се спасат, рече Филипче.

Нашиот најпознат доктор, епидемиологот проф. Драган Даниловски, смета дека врвот на третиот бран може да го очекуваме за две недели, некаде кон средината на април.

Но, како што рече д-р Даниловски денес во вестите на Канал 5, за да стигнеме до пикот има период на качување. Сега треба да очекуваме уште еден толкав период на симнување, значи уште пет-шест недели.

Смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него кој знае колкав ќе беше бројот на заразени и поч инати.

„Се намалија социјалните контакти и се спречи ширењето на вирусот“, вели Даниловски.

Тој вели дека здравствените власти постојано информираат дека здравствениот систем не е под толкав притисок и дека има слободни кревети. Но, како што вели докторот, што е со медицинскиот персонал, тие се здравствено и емотивно истоштени, а се истите кои постојано работат.

Д-р Даниловски смета дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.

„Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болестите да имаат потешка слика“, вели д-р Даниловски за Канал 5.

Претходна статијаАдријана Будимир прозборе за своето чедо кое живее со аутизам: Тие деца не треба да се одбегнуваат
Следна статијаВаско Тодоров проговори за К-15, но и за Македонците во Австралија