Водителката Миа Костова е секогаш интересна за јавноста, особено откако стана доста актуелна на социјалните мрежи.
Таа беше гостинка во втората епизода на „Опуштено со Тони“, кај Тони Михајловски. Миа зборуваше за многу нешта, а на почетокот од разговорот го спомена искуството со вирусот.
– За да си во Македонија, треба да имаш симптоми на корона. Јас пошто ја прележав во Македонија цело време“, одговори Миа низ смеење.
„Прелега ли? Дај некое антитело мори“, ѝ рече Тони со својот познат кумановски акцент.
Потоа, Михајловски ѝ постави уште едно интересно прашање на Миа: „Како би ја опишала Македонија? Во колку сакаш реченици“.
Миа на ова одговори: „Македонија е моја и многу ја сакам, ама многу би сакала да ја оставам и да ја сакам од негде од подалеку“.
Тони и Миа зборуваа цело време на кумановски, а Тони нагласи дека му е многу мерак што во емисијата открива дека Миа е кумановка.
Потоа Миа раскажа дека имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја нашол на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“.
„И до ден- денес сум Миа 99 по телефони, често ми се случува“, рече таа. Во продолжението од разговорот , Миа раскажа дека „Бекстејџ“ ја одбележал нејзината кариера, на овој ТВ проект таа му посветила 10 години. Потоа откри зошто се повлекла од телевизија.
– Не знам како ќе звучи ова, ќе делува како јас да сум престарена. Но, тоа беше меѓусебен договор помеѓу мене и продукцијата.
Дојдоа нови деца на сцената, дојде време кога јас требаше да ги најавам „2 Бона“, а јас не знам кои се „2 Бона“.
Потоа, Миа зборуваше за својата аткуелност на социјалните мрежи, поточно на Инстаграм. „Имав понуда за нови 2-3 проекти, но не ми се напушта ова.
Овде сум сам свој газда, кога сакам снимам, кога сакам не снимам, кога сакам постирам, кога сакам три дена одмарам, кога сакам 5 дена не сум во Скопје.
Јас во ни еден момент не учев да бидам инфлуенсерка, многу спонтано ми дојде тоа, ниту знаев дека кај нас ќе дојде такво нешто. Во време кога јас почнував со тоа, многу наивно. Само ми се редеше едно по друго, реално почнав со 4.000 фоловери, сосема случајно.
Кога сфатив дека имам некаков инфлуенс на некаква публика, кога сфатив дека можам да продадам нешто, тогаш сфатив дека треба да ми биде приоритетна работа, затоа што прво, ми носи пари, а второ- го сакам тоа што го работам“, откри Миа.
– Самохрана мајка сум од првиот ден, и иако сме многу далеку од еден Белград и Загреб, можам да кажам дека финансиски не сум била позадоволна од себе, што и да сум работела. А, понекогаш сум работела и по четири работи одеднаш, за да можам да си го изгледам детево“, му рече Миа на Тони.
Миа сега ја искоментира актуелната ситуација со пејачот Даниел Кајмакоски, и со неговата поранепшна сопруга Кристина Димитријевска.
Даниел беше во болница откако му се слошило, а ја овбини Кристина дека додека се виделе во паркот во Тетово, таа му ставила недозволени супстанци во кафето. Миа ова го искоментира на свој начин:
-Зафркавајте се вие и потсмевајте на Кајмакоски ама лично сум сведок на иста приказна со угледна докторка и спортист. Луд -ите пречесто изгледаат како премногу нормални. Утре ќе одите на преглед кај докторка што др ог-ира партнер… Порано се знаеше кои се џанаци, денес е калсичен ваш ибозук.“
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин