Мелита Ракичевиќ: Јас сум лимитирано издание

0

Мелита Ракичевиќ својата кариера ја започна како водителка на шоу за домашни миленици.

Сите ја запознаа Мелита како девојката која сака да им помага на животните. Многу познати личности гостуваа во нејзината емисија „Пет шоу“ со своите миленици.

Потоа беше домаќинка на ток шоу емисии, и водеше разни манифестации, се до пред неколку години кога комплетно се повлече од Тв сцената и стана тре-нд-сетерка.

По три години медиумска илегала, Мелита Ракичевиќ минатата година во интервју за најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ за прв пат во јавноста искрено ја „отвори душата“ и прозборе за приватниот живот и се што и се случуваше.

Oние кои внимателно го проследија нејзиното последно интервју за споменатиот ТВ магазин, а и оние наши читатели кои го прочитаа текстот со нејзините изјави неколку дена подоцна на нашиот портал, можеа да забележат како нејзината ќерка,  Барбара за прв пат јавно го дем-он-стрираше својот скриен талент – ангелскиот глас за пеење.

„Мислев не постојат совршенства, но таа е токму тоа. Патот кон среќата моја Барби да ти биде чист како солза.

Секогаш сум тука за тебе, зад тебе, и те чувам. Убавина која остава без зборови“, пишува Мелита за својата ќерка Барбара на Инстаграм.

Мелита пред неколку години се разведе од Владимир Ракичевиќ- Соме, таткото на нивната ќерка.

„Секој развод е тежок, но кога веќе нема љубов и емоции најдобро е да стави крај на бракот и да се продолжи напред.

Со Соме останавме пријатели и до ден денес си помагаме и се поддржуваме и функционираме супер, открила Мелита и се осврнала на нејзината последна врска за која многу се пишуваше во медиумите“.

Мелита на својот Инстаграм секогаш добива интересни коментари од следбениците. Еден од нив е најоргинален, а под објавата каде што таа ги покажува само нозете, во еден наш познат хотел.

„Може да ви бидам столче на нозете?“, се понуди фанот на Мелита.

Во еден од своите понови постови каде што е облечена во розев комбинезон, таа во описот на фотографијата пишува: Класа дама.

На една друга своја фотографија, Мелита за себеси ќе рече: Јас сум лимитирано издание.

На најновата објава, таа е во жолти тренерки и високи штикли и покрај многуте коментари: топ, перфекција…, таа доби и еден кон вели: Најубавата жена во Македонија.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаХрватски молекуларен биолог Џикиќ кој работи во Германија, прозборе за Астра Зенека: Комплетно е безбедна
Следна статијаСо мајка ми направивме тактика малку да го здрмам маж ми – тој ми дојде со барање за развод