Ме остави зашто не му се свиѓало што пишувам на фејс

0

Младата и убава Ана била пресреќна кога конечно била запросена од нејзиното момче, но нивната свршувачка кратко траела, и тоа поради една лоша реченица која ја изговорила нејзината пријателка.

Социјалните мрежи станаа нужно з -ло, но и голем предизвик за луѓето кои се во врска или во брак. Еден погрешен статус или лајк е доволен да пукне љубовта.

Во тоа се уверила и оваа девојка од Австралија на која, како што вели, „Фејсбук“ ѝ го упроп-астил животот. Нејзината исповед ви ја пренесуваме во продолжение.

-Отсекогаш сум мислела дека дечко ми Роберт ме гледа како божица. Многу му се допаѓаше што работам во голема фирма во која сум високо позиционирана. Често ми зборуваше како сите веднаш замолчуваат ни ги вперуваат погледите кон мене кога ќе влезам во просторијата.

Навистина мислев дека нашата врска е навистина добра. Можеби не совршена, но навистина добра. Да не го мислев тоа, никогаш немаше да го прифатам запросувањето.

Се радував на помислата дека животот ќе го поминам со него и веќе планиравме и семејство. Запросувањето беше волшебно. Обожаваме да планинариме и чинот се случи токму во една таква прилика со неверојатен поглед.

Бев пресреќна, иако не изненадена, бидејќи веќе ја прашувал сестра ми кој ми е омилен скапоцен камен.

Наредната вечер ги собравме најблиските пријатели на вечера да прославиме. Беше супер, се’ до моментот кога другарка ми ја изусти таа реченица: Ти понекогаш си многу агре сивна на „Фејсбук“.

Го видов изразот на лицето на мојот иден сопруг. Роберт ги презира социјалните мрежи и нема ниту еден профил. Дури и многу малку знае како функционираат.

Ми кажа еднаш дека преку профилите на неговите две сестри на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ увидел како истите се лоша работа и дека не сака да си има работа со овие платформи.

Мојата пријателка, неинформирана за нашите претходни разговори, го праша Роберт што тој мисли за моето однесување на „Фејсбук“. Одговори кратко: Не знам, слабо стојам со социјални медиуми. Го продолживмне муабетот на други теми, ноќта заврши одлично.

Следниот ден, Роберт си замина рано, без поздрав, што не е типично за него. Подоцна ме побара и ми најави дека треба да разговараме. Дојде дома порано и практично ми кажа колку му е лошо од тоа што јас го постирам на „Фејсбук“.

„Ти си таму сосема друга личност. Имаш подли коментари, отровно коментираш кој што облекол, кој колку пари има и слични глупости“, ми рече.

Се обидов да му објаснам дека се’ е тоа само забава, дека едноставно таму поминува таков ироничен хумор, дека понекогаш знам да се напијам неколку пијачки па да седнам на „ФБ“ каде пишувам работи за кои утредента чувствувам вина.

Не се предомисли. Ми рече дека сака да ја раскинеме свршувачката. Бев убедена дека се шегува, но тој беше сериозен. Така мојот маж од соништата ме остави 48 часа откако ме праша дали сакам да бидам негова жена.

Се обидувам да бидам подобра личност, да внимавам што пиушувам, но очигледно тоа не е доволно за да ми се врати. Но, барем ја научив лекцијата за следниот пат.

Фото: Freepic

Претходна статијаМарина Туцаковиќ откри како Цеца ѝ помага во тешките мигови
Следна статијаАнастасија покажа во каков луксуз жиивее во Нови Сад, дечко ѝ има куќа како од бајките (ФОТО)