Марина Туцаковиќ откри како Цеца ѝ помага во тешките мигови

0

Марина Туцаковиќ е во лоша здравствена состојба. Дамата која ги напиша најголемите хитови за најпознатите пејачи, не се чувствува добро поради кан -церот со којшто се бори, но и поради терапијата што ја прими.

-Лошо беше неколку дена. Нејзе ѝ се случуваат тие падови. На ист начин реагираше и пред неколку месеци кога прими хем отерапија. Овие процеси се бол-ни.

Во телото воопшто нема енергија, таа само би спиела. Таа нема желба да гледа никого, уморна е од разговори, од каква било комуникација, освен со Фута, нејзиниот сопруг.

Се надевам дека брзо ќе закрепне – изјавил пријателот на Марина за магазинот „Свет“.

Да потсетиме, текстописецот Марина Тукаковиќ веќе подолго време води битка со канц-ерот на дојка, кој и беше дијагностициран во февруари во 2018 година.

-Поминувам низ хе мотерапија и ќе видиме што ќе се случи. Искрено, не можам да ви кажам дека се чувствувам подобро.

Не размислувам за тоа како се чувствувам во психолошка смисла, понекогаш сум оптимист, но понекогаш не сум – изјави Марина неодамна за српските медиуми.

Марина Туцаковиќ сè уште се бори, за што во неколку наврати отворено зборуваше за медиумите.

Како што вели, ситуацијата засега е непроменета и постојано варира. Понекогаш се чувствува добро, а понекогаш тоне.

– Така се чувствувам. Ситуацијата постојано варира, понекогаш се чувствувам добро, понекогаш се чувствувам лошо.

Редовно одам на лекар и на терапии. Јас сум ослабена, но сепак се борам. Така се чувствувам.

Седам дома, пишувам песни, но има малку мелодии. Се обидувам да не се дружам со никој поради вирусот што е насекаде околу нас, се борам со себе.

Времето е депресивно, луѓето се депресивни, сè запре.

Нема повеќе големи собири, концерти, пејачите слабо се снаоѓаат – рекла Марина и открила која песна ја слушала во последно време: Каде ќе имам повеќе болка од онаа низ која минувам?

Во тешки ситуации, песната „Кукавица“ ми помага најмногу, ја доживувам и е песна за сите времиња.

Не можам да кажам омилена, но секогаш сум среќна што го слушам“, откри Марина за тоа како ѝ помага гласот и изведбата на Цеца Ражњатовиќ.

Интересно е што мислев дека песната на Харис Џиновиќ „Ostariću, neću znati“ ќе биде неуспех, но на крајот тоа и се допадна на публиката и стана хит – вели таа со насмевка и најавува неколку нови проекти.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстагтам принтскрин

Претходна статијаВане Маркоски и Милена од Канал 5 ги спакуваа куферите и заедно летнаа од Македонија
Следна статијаМе остави зашто не му се свиѓало што пишувам на фејс