Пандемијата која трае веќе цела година и кусур на сите нас ни наметна нов начин на живот, и прилагодување на тоа дека многу од обврските можат да се завршат и онлајн, па дури и задоволствата.
Многу фитнес, зумба, пилатес и јога инструктори своите часови ги држат онлајн, а таков е случајот и со Лејла Рамковска.
Таа е ќерка на Велија Рамковска, сопственикот на некогашната А1 телевизија и на други медиуми, како и поранешна сопруга на Сефер Цановски, синот на Фиат Цановски.
Лејла е мајка на две деца, која неизмерно ѝ е посветена на јогата.
На нејзината витка фигура не можете да останете рамнодушни, а фотките кои ги објавува на својот Инстаграм профил воодушевуваат многумина.
Во едно интервју, Рамковска зборуваше за тоа како всушност станала јога инструктор:
– Во животот верувам за секој од нас, доаѓа таков момент кога треба да направиш избор кон каде ќе се движиш…
Дали тоа ќе биде кон самоун -иштување, самосожалување и не среќа или кон пронаоѓање на сила во себеси за трансформација на самиот себе во најдобрата верзија.
Затоа треба и верба во самиот процес, но и мир со себе и светот околу нас.
Јас и мојата фамилија, надминавме многу тешки моменти. Тоа го направивме со свесноста дека само со вртење кон себе, секојдневно наоѓање на причина за чувство на благодарност, како и огромна љубов и верба кон животот и кон еден на друг, како фамилија….
Ете така излеговме од сè што ни се случи како посилни луѓе.
Од физички аспект, после раѓање на две деца и многу испробани спортови, јас никогаш не сум се чувствувала подобро и пофит, благодарение само на јогата.
Секако потребно е посветеност, континуитет и љубов кон тоа што го правиш“, изјави Рамковска во Женски магазин.
Рамковска сега има своја Фејсбук страница на која ги рекламира онлајн часовите за месецов, а ги одржува два пати во неделата. Таа е доста активна и на Инстаграм каде споделува слики од своите вештини.
– Флексибилна во ставови, цврста во намери, адаптибилна на промени. Силата е во покажување на свои спротивни една на друга особини, без разубавување“, порача таа на Инстаграм.
На една од своите објави, Рамковска прави шпага, и ја открива тајната на својот добар изглед. Во постот, таа порачува дека треба сите да се ослободиме од крутоста и да се грижиме за своето тело.
Рамковска сега биснисот го прошири и во Турција, потоично Анталија. Таа објави слика како ужива во луксузен хотел во Анталија, но и стори каде што ги учи пријателите како да вежбаат јога.
Стоењето на глава, со помош на Лејла Рамковска го совладала водителката Јелена Спенџарска, која е исто така во Турција и покажа дека јогата на Рамковска многу ја опушта.
Фото: Инстаграм принтскрин