Кога се возам со автобус, потоа морам да му објаснувам дали сум стоела до некој маж и дали тој „си го трљал“ од мене

0

Во многу бракови е присутна љубомората, за која се вели дека до одредена граница е здрава, симболизира љубов. Но, кога ќе премине во болна љубомора, тогаш веќе доаѓа и до распад на заедницата. Еве едно искуство:

-Очајна сум многу и се одлучив вака јавно да ја споделам мојата мака. Се наоѓам на раскрсница од мојот живот, на прагот да добијам нервен слом, мојот проблем е како што велат – угоре високо, удолу длабоко.

Во брак сме веќе дванаесет години. Пред тоа бевме дечко и девојка само шест месеци кога тој одеднаш ми даде прстен.

Бевме млади, јас збунета и многу ми годеше неговото внимание. Претерано се грижеше за мене, секаде ме носеше и ме зимаше, некогаш и со часови ме чекаше кога одев на хор на пеење.

После тоа ме убеди дека мене не ми е потребен хорот бидејќи многу не разделува, а сите тие патувања за него биле премногу болни зошто не можел долго да биде разделен од мене. Тогаш, во тоа време многу ми годеше неговото внимание и не знаев дека постои таква болест – болна љубомора.

Работев во еден детски бутик. Ме извади од таму со изговор дека слабо ме плаќале, кога ќе се одзело храна, превоз и други трошци, сум работела за џабе.

Тој добро заработува и можам да речам дека доста пристојно живееме. Ни се роди син и еве го фала богу здрав и жив е, мада често се разболува.

Речиси секоја година лежиме во болница, де страда од некоја бактерија, де крајници, де плуќа. Ама јас мислам дека неговиот имунитет е намален од тоа што постојано се караме пред него, а тоа што го отрувме со лекарства е друга приказна.

Ако појдам нешто да купам ми мери на часовник колку сум се задржала и тешко мене ако немам ДОБРО објаснување зошто сум се задржала. Не прифаќа гужва на каса како изговор.

Ако некогаш морам да се возам со автобус, ме прашува на која страна сум седела, дали некој маж седел до мене или стоел и „си го трљал“ од мене.

Неколку пати досега ми има удрено шамар. После тоа ми се извинува и плаче кога ќе му речам дека ќе го оставам, па после некој период е фин и ми купува подароци.

Вели дека тоа било посилно од мене од што многу ме сакал. Од толку многу што ме сакал му се стемнувало во главата.

А ви кажав дека пие? Да, пие и тоа многу. Знае со пријателите да заглави во кафана до доцна во ноќата. Всушност цел ден!

Има денови кога ќе заседне уште рано-рано, па ќе се врати во ниедно време камен пијан. Е тогаш е најтежок. Ми се заканува дека ќе ме убиел ако го изневерам а ликот му се менува и му станува ѕверски.

Очите некако му се вџашуваат и ококоруваат. Му велам дека не е убаво детето да слуша такви кавги, не е убаво да го гледа пијан. Лош пример му дава и го стресува. Зошто, како ќе расте синот го впива она што го прави таткото и се огледува на него. Не сакам и син ми еден ден да биде пиј аница.

Секојпат кога ќе одлучам да го оставам тој се разнежнува и станува фин, добар. Веднаш уште следниот ден пофаќа по дома, чисти, средува, а знае некогаш и да зготви. Моите родители се патријахални и не ми даваат поддршка да се разведам. Не сум вработена. А не можам веќе да издржам. Не знам што да правам.

Минатата недела знаете што ми направи? Бев на преглед на гинеколог и нормално и тој дојде со мене. Имаше гужва па чекавме речиси еден час. Имаше многу жени во чекалната и некако под око го гледаа него, а мене некако со сожалување.

Океј, дојде мојот ред и јас влегов, се соблеков и легнав, а лекарката веќе го имаше започнато прегледот кога тој одеднаш упадна внатре целиот облиен во пот, ко да секој момент ќе добиеше срцев удар.

Тој си мислел дека уште одам кај стариот гинеколог кој беше маж, сум заборавила да му кажам дека ме презеде жена гинеколог, поради специфичниот проблем кој ми се појави и поради кој морам почесто да одам на прегледи…

И така, мене ми падна срам, се срамам веќе 12 години и не сум кажала никому за овој мој личен проблем. Веќе подолго време се мислам да го оставам ама морам да го трпам поради егзистенционални причини.

И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се превзема без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаСе посомневал дека ќерката не е негова и скришно од жена му направил ДНК тест – имал што да види
Следна статијаПродајте си ги јахтите и викендиците, не сте за жалење: Фејсбук статусот на Васка ги налути музичарите