Кога ме прашаа дали е мој реков, највеќе е мој: Весна Бејби раскажа колку ѝ фали синот

0

Актерката Весна Петрушевска е горда мајка на две деца, Кирил и Мина и честопати има раскажано колку ѝ е важно времето поминато со нејзините деца.

Синот на Весна, Кирил Тренкоски, минатото лето замина во Америка кај својот татко Јанко Тренкоски.

Кирил сега живее во Хјустон и изучува четврта година од гимназијата, а потоа таму ќе продолжи со студии.

„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно.

Немам подобра опција да му понудам во овие лу ди времиња. Не прашувајте, срце ми се ки не. Убав на мајка.

Го гушкам, пла -чам ко некоја за-ду шна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев се упокоил некој, ме исп лаши“, напиша Весна на својот Фејсбук профил.

Весна во тој период изјави во што ја бара утехата, а тоа работата со нејзините мали глумци, со кои тогаш одржуваше летна школа на отворено, како дел од нејзината „Актерска школа Весна Петрушевска“.

„Среќа што работам, инаку едвај се крепам. Тешко е“, вели Весна.

-Желбата на Кирил да замине во САД е од пред две години. „Последниве две години се договараме со татко му кој е таму. Одеше на два пати во Хјустон кај Јанко.

И ете дојде време да замине. Сè му е јасно за состојбата со вирусот, но брои денови, овде не може да ја поднесе неправдата и системот“, вели Весна.

Таа изјави дека Кирил е дека е свесен за новиот предизвик што е пред него и не се пл аши од новиот живот со САД.

Кирил вчера стана полнолетен, а Весна по тој повод објави емотивен статус на Фејсбук.

-Кирил наполни 18 години. Се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон.

Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска… демек сум кул и ок…

Тој стана полнолетен дечко… Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола 2 броја помали па имаше некое раниче на малото прсте.

Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: Ваш е? Ја гледам насмеано и и одговарам: Највеќе е мој.

Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“, рече Весна.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаСо женчето мое бевме договорени да му ги земеме парите на стариот од Швајцарија – таа ме изигра и избега кај дедото
Следна статијаКајмакоски заврши во болница, пријателите открија зошто „пукна“ бракот со Кристина