Една од нашите најпопуларни пејачки и во Македонија и во дијаспората е секако Сузана Гавазова.
Таа на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација но и да испее авторска песна.
Како и сите музички изведувачи, така и Сузана Гавазова не може да има настапи непосредно пред публика поради мерките за заштита од вирусот.
Но, затоа може да им запее на обожавателите преку ТВ екраните и да гостува на телевизиски емисии.
За популарната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, ниту еден ден не е потрошен без забава и моменти кои ја исполнуваат.
Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите.
Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака. Забавите се оставени за некои подобри времиња кога на короната ќе и кажеме збогум, а дотогаш, Гавазова има свој начин како да си направи забава и да ги наполни батериите со она кое и го сака душата.
Сузана Гавазова е мајка на две ќерки, Емили и Селена. Ќерките се само една година разлика, Емили има шест ипол години а Селена пет ипол. На крајот од декември минатата година, Гавазова прослави роденден.
Облечена во тесен бел фустан со длабоко деколте, пејачката ги дувна свеќите заедно со ќерките во своjт дом.
Голема торта на четири спрата беше розова со златно, а на неа имаше и ноти. Многу пријатели на социјалните мрежи ѝ го честитаа роденденот на Сузе. Гавазова потоа повторно беше актуелна, по интересната приказна што ја раскажа во нејзината најнова песна.
Песната се вика „Прстен несуден“, а Сузана ја најави на необичен начин. Прстен несуден. Уживајте драги пријатели со мојата најнова песна и спот. Таа најави нова песна и спот снимени покрај Охридското езеро и напиша: Наскоро!
Сузе во една прилика објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ ветер во грб и ѝ е важна.
До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни!
Гавазова покажа каква домаќинка е , со тоа што се пофали какви јајца исфарбала рано наутро, на Велики четврток.
Таа на сликата го опиша адетот за фарбање јајца и напиша: Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца.
Првото јајце, божарче се остава да го фатат првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и до ена на лицето им се прави црвено-бело“, рече Сузе.
Фото: Фејсбук принтскрин