Карантинот во Турција не важи за Антониа и за Иван, си уживаат како на меден месец

0

Антониа Гиговска својата кариера ја започна во музчкиот натпревар Пинк ѕвздички, од оттогаш за неа сите велат дека е чудо од дете, што се однесува до нејзините гласовни можности.

Но, малата Антониа сега порасна и е една од нашите најпопуларни пејачки, во последно време и инфлуенсерки.

Таа е во среќна врска во Иван Јованов, пејачот на Либеро бенд, и во едно интервју за „Точка“, таа раскажа како се запознале.

– Ние се знаеме одамна, само по колегијална линија. Тој знаел која е Антониа, јас сум знаела кој е Иван од Либеро бенд.

Јас имам постар брат кој игра фудбал со Иван, му одел на забави и биле блиски, па така Иван слушнал како пеам уште на 12 години кога ја објавив мојата прва преработка на Јутјуб.

Нашата приказна беше многу интересна. Додека сè уште бев малолетна, Иван ме „внесуваше“ во дискотека.

Некоја година подоцна не спои една свадба на која што јас бев повикана да ја отпеам првата песна, а Либеро Бенд и Иван ја свиреа свадбата.

Од првиот момент знаев дека сме еден за друг без разлика какви беа можностите во тој момент.“

Иван е постар од Антониа десет години и во истото интервју таа зборуваше како ги прифатила јавноста со Иван на почетокот, како реагирале на нивната врска.

– Сигурно имало многу коментари кои што јас сигурно не сум ги прочитала од проста причина што сум личност што не обрнува внимание на коментари затоа што животот што го живеам е мој и што и да направам тоа е затоа што јас сакам така да биде.

Сме имале многу проблеми на почетокот, да, многу од моите блиски не ја прифаќаа врската со Иван, но ништо од тоа не можело да влијае врз нас“, реча Антониа.

Таа секогаш отворено зборувала и за својата линија, дека е голем гурман и дека си го сака своето тело какво што е. Антониа им порача на сите дами да се сакаат какви што се.

Антониа е во топ форма, и со неа знае да се пофали на Инстаграм.

Таа, заедно со Иван си замина на романтично патување, и во тоа во Анталија, па често знаат да се пофалат со слики покрај базен или на плажа.

Турција од денес влегува во делумен карантин. Нема да работат повеќето бизниси, а ќе работат само супер-маркетите и аптеките, со исклучок во недела кога нема ништо да работи.

За патувања меѓу градовите ќе бидат издавани посебни дозволи, а училиштата ќе функцинираат исклучиво он-лајн.

Карантинот не важи за туристите кои се веќе во оваа земја, така што Антониа и Иван можат слободно да си уживаат во убавините и во романтиката.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЃокица Лукаревски денес слави, ќерката Сања го опиша каков е вистински
Следна статијаНадица, жената на Пандев раскажа каква домаќинка е и како си го вика Горан по дома