Ѓокица Лукаревски денес слави, ќерката Сања го опиша каков е вистински

0

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи е една од најпопуларните жени во домашната политика.

Како што е познато, таа е ќерка на познатиот глумец Ѓокица Лукаревски.

Во една прилика, Лукаревска зборуваше за тоа каква била во детството и во младоста, и за својот татко, големиот актер кој го паметиме по многу улоги, од Тетарче лево ќоше до Македонските приказни и многу други.

-Ако го земам во предвид фактот дека бев постојано претседател на класот во средното училиште ,,Никола Карев,, и лидерски се борев за нашите права како ученици, изгледа дека сум била на некој начин бунтовник.

Тинејџерските денови беа навистина прекрасни, безгрижни. Денес се смеам кога ќе ми текне , какви проблеми сум имала тогаш. Всушност тоа не биле проблеми, туку едни убави грижи .

Не ми одеше физиката, не ја сакав , ама се мачев да ја сфатам . Уживав на часовите по географија. Глумев во претстави во средно школо , пројавив некоја амбиција за глума, но остана се само на желба и ништо повеќе.

-Мислам дека бев мноу возбудена кога требаше да одам на новогодишна претстава во која глуми татко ми, заедно со тогашните мои другари од основното училиште ,,Димитар Миладинов”.

Се сеќавам, кога бевме на такви претстави, најчесто во Универзаланата сала, на крај на претставата тој ќе ме пронајдеше во публиката и дискретно ќе ми мафнеше. Тоа го гледаа моите другари, а јас бев пресреќна.

Имаше и такви случаи кога, тој ме носеше на доделување на пакетчиња во Драмскиот театар. Тој Дедо Мраз таму, ми беше многу страшен и наместо да се радувам, бев заледена од страв.

И за да ми надомести, Ѓокица знаеше да дојде дома, преправен како Дедо Мраз, да ми даде пакетче и да си оди. И тој знаеше колку е искрена таа детска радост“, рече Лукаревска во Женски магазин.

Ѓокица беше гостин во првата емисија од циклусот „Уште ми фалиш“, јутуб емисиите на музичарот Александар Митевски и на актерот Драган Спасов- Дац.

Лукаревски раскажуваше интересни анегдоти за своето детство и за својата младост. „Во тој период беше голема храборст да се приближиш кон девојчињата, затоа што дури и не можевме ни да се држиме ни за рака.

А што се однесува до првиот бакнеж, тоа беше сон за сите нас. Јас оние женски што сум ги имал сум ги фаќал на оние хумористични варијанти. Женска дома сум донел некаде на моја 20-21 година.

Имаше една навика, кај нас покрај кејот на Вардар, ние со огромна храброст, а и желба, да дојдеме до женскиот род. Се нафрлавме, кој побрзо ќе фати некоја женска за градите. Вака во трчање, ќе ја фатиш и ќе избегаш.

Тоа беше најлудо нешто што сме можеле тогаш да го направиме, хахаха“, рече Ѓокица присетувајќи се на својата младост- лудост. Денеска, Лукаревски полни 70 години, а Сања со емотивни зборови му го честиташе роденденот на својот татко.

-Да се поддржуваме, сакаме, нервираме и караме и следните 70. Меѓу многуте херои, за мене, најголемиот си ти. Само напред“, нашиша Лукаревска за Ѓокица.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаД-р Нико Беќаровски: Најпонизно ве молам – излезете надвор, немојте да ни го фрлите цел труд овие месеци
Следна статијаКарантинот во Турција не важи за Антониа и за Иван, си уживаат како на меден месец