На денот кога Академијата за уметности во Нови Сад слави 47 години постоење, беше извршено многу благородно дело од семејството на упокоениот Ѓорѓе Балашевиќ.
Оливера Балашевиќ, неговата сопруга на Факултетот му предаде донација во аудио-видео опрема во износ од 3.668.550 динари.
Современата технологија ќе биде значаен придонес во наставната програма на оваа институција, каде што се школуваа двајца членови на семејството Балашевиќ, ќерките Јелена и Јована.
Оливера Балашевиќ одржа емотивен говор во име на семејството, што воедно е нејзино прво појавување и обраќање во јавноста по заминувањето на „панонскиот морнар“. Таа зборуваше полдготнувајќи и со солзи во очите.
“Ви се обраќам во име на семејството. Гледајќи во овие црвени затворени куфери, кои паметат среќни моменти и аплаузи низ целиот регион, помислив колку е чуден патот по кој се движиме. Од моите три деца, две беа образовани од оваа академија.
На овој начин, сакаме да им се заблагодариме на почитуваните професори, Градот Нови Сад, граѓаните на Нови Сад и оние кои учествуваа на креативен начин на денот кога Ѓорѓе замина, кога нè напушти. Во овие денови, кои се неописливо тешки за моите деца и за мене, како родител сакам на овој начин да се заблагодарам.
На другата страна на академската реалност на која сме изложени јас и моето семејство, има друга реалност што морам да ја споменам.
Како јавни личности, има некои шпекулации на порталите и на магазините за некој тестамент, а системот некаде не научи дека има термин оставинска постапка. „На списокот на оние што го наследуваат наследството се моите деца и Академијата за уметности“, рече Оливера.
Донираната опрема беше искористена и за промовирање на филмот на Ѓорѓе Балашевиќ „Како раниот мраз“, кој се базираше на песната „Приказната за Васа Ладачки“.
“Васа Ладачки беше вљубен во убава, но сиромашна. Мојот Ѓорѓе беше за вљубен во убавата, но сиромашен, до крајот, и така ќе биде засекогаш. Ви благодарам”, рече Оливера за крај.
Деканот на Академијата, Професорот Синиша Бокан, му се заблагодари на семејството Балашевиќ на донацијата.
– Потпишувањето договор за опрема во вредност од околу 30.000 евра ни значи многу. Неопходно е за Академијата за уметности и многу функционално во поттикнувањето на нашите студенти да работат во областа на филмската продукција.
Студентите ќе имаат можност да научат да го користат овој систем на техники во нивната работа и на тој начин да го развиваат своето знаење во рамките на професијата за која студираат.
Оваа опрема е нешто што веќе е искористено во промоцијата на филмот на Балашевиќ, и затоа ја почитуваме уште повеќе. Кога и да се обратевме кон семејството Балашевиќ, тие беа тука да ни помогнат.
Ви благодарам за сè – рече деканот Бокан. Големиот уметник си замина на 19 февруари, на 68-годишна возраст и беше испратен на Новите гробишта во Нови Сад, во присуство на неговото најблиско семејство.
Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ ја живееја својата бајка 41 година. Нивната љубов роди стотици негови песни, безброј романтични изјави и што е најважно – три деца.
Многумина ја гледаат оваа љубов како една од најромантичните на овие простори, опеана во неговите песни, овековечена во нејзините насмевки, напиша „Курир.рс“.
Фото: Јутјуб принтскрин, Инсраграм принтскрин