Еднаш не добив кафе со млеко бидејки постеле, не сакале куќата да си ја мрсат

0

Фејсбук страницата Огнените ѕв -ерови на Дамјана ја води Македонка која пред извесно време се има преселоno во Германија со своето семејството.

Особено женскиот род ја обожава Снешка Трајковска која раскажува за нивните доживувања.

Семејството Трајковски има три деца, и во Германија се преселени од село во кривопаланечкиот крај, каде што имаа земја и здраво се хранеа.

Денеска, на оваа позната Фејсбик страница е напишан нов статус поврзан со претстојниот празник Велигден, а се однесува на почитта која треба да ја имаме едни кон други.

– Култура на однесување и почит на различното е тоа што им недостасува на луѓево.
јас сум ате-ист, но си ги почитувам верниците и традициите. тоа што не размислувам како нив, не значи дека некој треба некого да омал-оважува.

денес е денот кога ќе се утепам од лајкање вапцани јајца на фб. од почит кон моите пријатели, нивниот труд и нивната радост.

При посета на Лесновски манастир ѝ купив подарок на другарка ми. при посета на Осоговски манастир едно свештено лице ми даде крстичња, привезоци за пилиштарциве.

Се израдував, ги земав и ги чувам. можеби моите деца ќе сакаат да се верници. мое е да ги поддржам, а не да ги сопнувам и да ги убедувам дека треба да бидат како мене.

Подароците беа со најдобра мисла дадени, со цело срце прифатени. Запалив свеќа за ќеркичката на моите пријатели, знам дека тоа ќе го стореа тие за неа. тоа е мојата почит и поддршка кон загубата. никогаш не палам свеќи за мене или да правам лице на светов.

На моите пријатели им се јавувам да им честитам имендени и куќни слави кога не можам да присуствувам. На тој начин, ЈАС АТЕ-ИСТОТ, си ги сакам и почитувам тие окулу мене.

Јас сум ме-сождер (така ме нарекоа мирољубиви вегани кои не судат на луѓето), но си ги почитувам пријателите кои не јадат или постат. ги почитувам и пријателите кои се вегани, на су рова храна и сл.

На мојата пријателка, сестра во манастирот осоговски ѝ приготвив крем од урми и какао и ѝ посакав лесни пости. кога доаѓаат гости приготвувам за нивни потреби.

Не добивам ист третман кај нив, но тоа е нивна некултура, не моја. Еднаш не добив кафе со млеко бидејки постеле, не сакале куќата да си ја мрсат.

Само ЕДНАШ во животов другарка која што не јаде месо, не’ испочитува. дојде кај нас на гости и на цело друштво ни направи лазањи со мелено месо кое таа сама го купила. да има за сите, таа не ни касна од приготвеното. тоа е таа почит за која што зборувам.

Еден ден кога ментално и емотивно ќе пораснете ќе научите да престанете да им судите на луѓето за различниот избор.

До тогаш, слободно дозволувајте му на стадото во кое што сте се напикале за да се чувстувате различни, да ве води.

Иронично, но вистинито. да се пикаш во стадо со исти како тебе за да се разликуваш и со прст да покажуваш кон другите…“, стои во статусот.

Фото: Фејсбук принтскрин, Freepic

Претходна статијаМарјана Станојковска во издание во какво што досега никогаш никој не ја видел (ФОТО)
Следна статијаСестри на педијатрија мислеле дека никој не ги гледа што прават – една мајка ги разоткри