Нашиот читател кој не сакаше да му се објавува името, ни испрати писмо, многу емотивно и љубовно, упатено кон неговата сопруга која после 15 години брак го оставила за друг.
Овој напатен човек и после се’ што поминал, се’ уште ја сака жена си и вели дека ќе и прости ако му се врати. Еве ја неговата исповед:
„Животот е приказна, никој не е идеален, секој греши! За некои е бајка, а за некои драма! Кој како ќе си го направи! Мојата пресвртница од бајка во драма започна на 01.12.2019 кога мојата сопруга остана во Македонија, а јас бев заминат во Германија за подобра иднина.
Од 2016 година таа редовно доаѓаше кај мене, ме посетуваше се до 2019 години и беше личен сведок за сите маки низ кои поминав. На крај заслужив да ми испрати имејл со кој ми подарува слобода (развод) без притоа да ме информира дека заедничките финансии ги однела со себе!
Замислете на каков кукавички и детски потег се осмелила Цела година бега од мене и се крие, ме блокира на сите социјални мрежи, не се јавува ниту на телефон. А така ми велеа: Кој си ја има мувата на капата, ќе се крие…
Штета, така проблеми со криење не се решаваат. После 15 години брак и пожртвуваност, заслужив барем да ме седне на едно кафе и искрено во очи да ми каже дека има друг маж во нејзиниот живот.
Тогаш со две раце ќе и потпишев развод и немаше во трошоци да влегувам, да преживувам кош -мари и да живеам во надеж.
А знаеше во каква ситуцаија бев, успеав и стан да изнајмам за нас. Таа знаеше дека јас немам слобода, дека работам по цели денови и се борев за нас.
Мене образот ми е чист и пред никој не се срамам да седнам и да кажам, а ти си таа што 3 години си се преправала во нешто што не си! Знаеше како се мачам а си се фатила со друг! Ти си таа што имала потреба од слобода, а не јас како што ми пишуваш на мејл.
Како можеш после се’ што поминавме заедно, после сите наши планови, после сите наши проблеми, сите нервози, сите понижувања што ги претрпевме и издржавме, спиење на автобуски станици, во автомобили, сите трагедии и смртни случаи што ги надминавме, зависта и љубомората од другите што се обидуваа да ни го ун иштат идеалниот брак што го имавме…
Спиев со пет души во соба во мал стан, со секакви луѓе бев приморан да делам соба, се борев за побрзо да стигнам до овој степен сега до кој конечно дојдов, лежев по болници додека ти ми даваше лажна надеж и на крајот кога успеав да застанам на нозе, ти ме остави сам и ме заглави.
А убаво ми велеа пријателите: „не се остава жена сама, макар леб и сол јадете, ама земиси ја!“ А јас не, буд -ала, не сакав ти да се мачиш и чекав да се средам па да дојдеш на готово.
Ми викаа дека имаш друг, ама јас на половина Скопје не му верував, се противев и те бранев, те слушав само тебе, во тебе имав преголема доверба…додека не видов со свои очи.
Не заслужуваш после ова очи да ти видам, трпев и се ма чев за нас двајцата, за да успееме со надеж за подобра иднина, за нашите идни дечиња… во подобра држава и постабилна.
Ти напишав на имејл дека за тебе тука секогаш ти се отворени вратите и кога ќе се смириш да ми се вратиш. Другите ме учат да не ти простувам и да си најдам друга, подобра жена од тебе. Но јас тебе те сакам!
Те сакав со сето срце и душа, се’ ти дадов и ти подарив, од имот до душа. За мене бракот е нешто свето и пред Господ се заколнавме дека ќе бидеме заедно и во добро и во з ло се додека не се упокоиме.
Бракот е љубов, издржливост, трпение, решавање на проблемите, давање шанси, простување, помагање…. ниеден брак не е идеален. Но очигледно за тебе бракот бил само тоалетна хартија или спас од моментната состојба, смислена за подобро утре.
Не викам не, и јас сум грешел и јас не сум цвеќе за мирисање, сме се карале 3 години, сум бил без редовни односи, нервоза, последната година ме фаќаше депресија па по телефон ти се заканив и кажав лоши работи дека ќе те у.. ијам или дека нашето куче што мојата другарка го купи за нас дека ќе го у.. ијам, работи што не ги мислев вистински, во ефектна состојба кажано такво нешто се само зборови по телефон.
И плус да сум таков пси хопат каков ме преставуваш, немаше тука да те викам каде во Германија жените се заштитени строго со закон, туку самата знаеш зошто се заканував да не дојде до ова сега што дојде.
Чувствував дека стои трето лице тука помеѓу нас, ама за тоа една година се извинував, испоплакав и се покајав. Мислев дека за тоа бараш развод.
Самата си сведок низ што се’ поминав, попуштив и со нервите, ама од тоа ништо не направив зошто те сакам.
Кога стануваше збор за на нотар пред два месеци да потпишам, не се плашеше од мене тогаш, а сега да ми велиш дека те вознемирувам или дека твоите ги вознемирувам, ме правиш пси хопат и ќе си ме пријавела, а јас со твоите во најдобар ред ги почастив, испив кафе со нив и си отидов само да се уверам во ова.
Ти не ме повреди само мене, повреди и разочара многумина кои те сакаа како своја ќерка, снаа, стрина и те доведооа до овој степен каде што си сега. Ти помагаа во секој поглед.
Има нешто што не се учи мила моја на факултет, а тоа е да бидеш човек пред се’ со душа и чуства. А ти тој предмет не си го положила! За жал!
Кога отидов јас во Германија и оставив сам, болен и едиствен родител со три инфаркта и два мозочни уд ари, внуци, брат ми (со договор и ветување дека за да се изборам тука за ти да дојдеш за наша подобра иднина), зема кредит за нас двајца, ме прати тука по твоја иницијатива со изговор дека мала ти била платата, државата нети чинела…
Се’ додека не рипна со плата и позиција ме тераше да не се откажувам од тука и кога ми беше најтешко, кога сакав 3 пати да се вратам ти ме тераше да останам, а сега ми викаш јас сум отишол сам, дека сум те напуштил.
Жал ми е што изгубив 15 години со човек кој нема чувства и душа. А што се не направив за нас двајцата и колку се трудев да успееме, само ти знаеш! Нормално дека и ти вложуваше и се жртвуваше за бракот што е вистина! Ама џабе кога не знаеш да цениш и кога го фрлаш тоа во вода толку лесно.
Само едно ми е жал ама во ситуацијава, можеби и најдобро е вака што излезе. Барем тој што ќе биде со тебе да се пази да не ти верува! Фала му на Бога што не ми даде дете со тебе, а знаеш колку сакам, ама вака што направи само ме спасил да не се врзувам со тебе со дете. Да ме оставеше и побегнеше сега кај ќе ми беше крајот, животот сакав да си го одземам двапати за тебе!
Досега требаше да сфатиш: Животот не е убав од топлината на шетањето, лажниот живот, убавата позиција и кариера, семинарите и лажните ветувања од пријателките што ти љубомореа, диската, ноќниот живот…
Животот е убав од топлината на домот каде што доаѓаш исполнет со маж, деца! А ти се изгуби а и јас покрај тебе! Кук авички преку маил да прекинеш брак и после да не сакаш да пишуваш или слушнеш, доволно говори за тоа колку не знаеш да цениш!
Да лежам во болница од шлог, сите да ти кажат и ти да не веруваш, па душман да беше немаше вакво нешто да му направиш и да не ме сакаше ќе ми се јавеше, човек ќе испаднеше и ќе прашаше како сум. Слики ти пратија блиските…
НАЈМНОГУ ОД СЕ’ МЕ БОЛИ ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ, ДА НЕ СЕ ЈАВИШ ЦЕЛА ГОДИНА, МЕ СМЕТАШ КАКО НИКОГАШ ДА НЕ СУМ ПОСТОЕЛ НА ОВОЈ СВЕТ, Како ништо да не сум направил за нас….
Луѓе ќе се разведат па пак човечки ќе седнат на кафе, ќе ги рачистат односите како луѓе, или ќе се слушнат на телефон, ќе прашаат само дали си жив без разлика што имаш друг, а ова на што личи? БЕГАЊЕ, КРИЕЊЕ, Блокирање, ајде јас ако сум ти згрешил, ама што ти згрешиле моите внуци, мојата фамилија, блиските роднини, кумови и пријатели.
Јас се’ уште ги имам твоите, комуницирам со твоите Блиски, зошто пријателките те натераа да влезеш во Голем Грев и сега не ти е чист образот ни да се јавиш зошто ги послуша, ОВА СЕ НИВНИТЕ ЗБОРОВИ: „Фати си друг најлесно ќе го заборавиш, остај го таму он не те сака тебе“
Како можеше мила моја, не си ти таа што ја знам, се изгуби скроз, затоа Жена не се остава самата далечина си го прави своето, цела Година да ме лажеш да ми даваш лажна надеж на Нотар додека не ти потпишав, дека ќе се земевме за твојот роденден Октомври 29 тоа е обичен лист хартија разводот тогаш не се плашеше од мене???
Пред два месеци, да собирам документи, да кажувам на сите дека не си ти крива ќе се покае ќе се смириме што сите ми викаа Будала се уште ти верувам после сето ова што ми го приреди и најбитно да ме лажеш дека ме сакаш? Зар не те гризеше совест зар не ти беше жал тоа што го правиш ? Што човек беше? Со кого сум делел кревет јас ?! Зошто кажи ми!
Да не те изневерив во Брак, да не идев по кафани? да не се коцкав? да не не беше почитувана, сакана? Може грешев што бев агресивен ама за наше добро те терав со сила да завршеше со обврските и да дојдеше тука што побрзо тоа беше мојата најголема грешка. Од сите од мене и моето семејство беше гледана како своја ќерка.
После 1 година ти сфати дека не ме сакаш?! Дека не сме еден за друг? Барај си оправдание само! И тоа после 15 години го кажуваш! И така лесно отфрли се ! Единствена вина ми е што жртвував се само да те направам среќна и да ти ја исполнам најголемата желба да имаш своја Фирма, Фамилија, дечиња и да си среќна тука во добра држава, што тоа беше и твоја лажна цел и идеја!
Да ме сакаше толку кај тебе ќе ме вработеше ти мене ќе ме убедуваше да дојдам долу, а не да ме лажеш има па после нема работа, све ги чувам пораките!!! Лесно е од таму исклучи фб и инстаграм фати си друг за толку брзо време и уживај не се замарај! Така најлесно и најбрзо се заборава се!
Тоа ли беше новиот почеток за тебе уште пред да идеш од тука да лажеш на суд дека сум те напуштил и незнаеш ни кај живеам. Мила моја можеби мојата добрина скапо ме чини спрема тебе, Но тебе твојата зл оба двојно повеќе ќе те чини Кога … тогаш. Запомни!!!
Гледа Господ каде и да си ! Жал ќе ми биде мила моја ако еден ден се каеш за сево ова што го направи, ама уште од овој момент можеш да ме заборавиш како да си ме убила исто и така не си тии таа Мила Моја што сите ја знаеме, немаш Чувства веќе! ( ова не го напишав вака јавно нешто за да се правдам за пред вас, Господ гледа па нека суди!
Го напишав за да не ме замарате никогаш повеќе во животов со мојата бивша жена, зашто за таа особа не сакам да слушам да не ме боли, се уште ја сакам не е свесна што прави.
А воедно и не сакам следниот што ја има да му се случи ваков шл ог после толку години, барем други да не бидат повредени и да бидат внимателни.
П.С. Мало е Скопје, многумина ја знаат вистината, ти реков деко кога-тогаш ќе се дознае. Развод не се случува од една обична караница. Биди жива и здрава, среќна, од се срце ти посакувам, зошто јас тебе не те мразам ниту можам да те мразам зошто те сакам со сето срце и душа …нека ти е Господ на помош….
И.П. Фото: Илустрација
Името и презимето познати на редакцијата. Текстот не смее да се превзема и реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама