Дани покажа како вежба по дома, и раскажа како го стопила вишокот

0

Секогаш е искрена и во своите песни и во пеењето, и во настапите, таква е едноставно Дани Диитровска. Таа има мнгогу хитови кои ги испеала од срце.

Во една прилика, Дани прозборе за своите родители.

– Моите родители само имаат оштетен слух. Меѓусебното разбирање не секогаш побарува совршено здраво уво.

Тоа ме учеа во детството. Фала богу што било така, преку нив научив да разбирам со срцето. Реакции од околината никогаш немало бидејќи моиве имаат нормален говор како сите.

Напротив, гледам предности. Една од нив е таа што никогаш во домот немавме викотници од расправии.

Нивните недоразбирања ги решаваа со знаковниот јазик, па брат ми и јас никогаш не им ги знаевме реалните проблеми со кои се соочуваат’, искрено рече пејачката.

Дани како да ја предвиде пандемијата која сите не погоди во својата песна „4 ѕида“, која излезе есента во 2019 година. По албумот „Град за љубов“ со поп-џез призвук, една од највредните пејачки на нашата естрада се врати на својот претпознатлив рок-стил.

Очекувано, како автори на проектот се потпишуваат брачниот тандем Весна Бабамов Малинова и Кирил Бабамов, кои всушност својот потпис го ставаат на речиси целиот музички опус на Дани.

– „Четири Ѕида” е емотивен расказ во мелодија, споделено искуство, исповед. Преживеани изџвакани комуникации барем еднаш во животот помеѓу партнери, родители и деца, брат и сестра, кој како ќе се пронајде.

Секогаш се пронаоѓаме кога зборуваме вистина. Љубов е суштината. Секогаш. Во секоја песна, па и во оваа – вели Дани.

За потребите на ова видео темпераментната рокерка го промени својот изглед, па наместо кожни панталони и црни маички, ја гледаме во едно скроз поинакво издание. Во меѓувреме, пејачката ја доведе линијата до совршенство со специјална диета.

-Се работи за дехидриран, млечен протеин. Во принцип, целата моја исхрана се состоеше од протеини, пет пати во денот во помали колични на готова храна и напитоци, во првите два месеци.

Потоа почнав да јадам месо, белки од јајца, а сега, мојата тежина ја одржувам со истата храна но и со многу, многу зеленчук. Јадам исклучиво зелен зеленчук, а веќе и овошје – раскажа Дани за „Женски Магазин“.

Таа често објавува сториња како се поти во теретана и како пие здрави напитоци и јаде здрава храна. Но, Дани е практична девојка па вежба и по дома.

Пејачката објави ново стори, како се поти и по дома. „Добро при домашното вежбање е што можам и боса“, напиша Дани.

На сликата се гледа дека таа се „стопила“ и линијата ја довела до совршенство.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЛила призна: Љубов немерлива, тој мене ми подари еден поинаков живот
Следна статијаНајпознатиот пулмолог кај нас, д-р Докиќ проговори за маските – тој целосно ги побива тезите на д-р Вело Марковски