Дамјан Стојаовски, синот на легендата на македонската народна песна Војо Стојаноски е познат пејач и инструменталист, тој е сестран музичар.
Дамјан гледачите често го гледаат во емисијата “Мерак меана“ на Сител каде што мераклиски ги пее своите песни, но и македонските народни.
Во емисијата „Магазин“, Дамјан збпруваше за своите песни, за својата кариера и за својот татко.
„Имам среќа што јас можам да живеам од музика и на сите мои колеги би им порачал да не се откажуваат ниту во ова време“, порача Дамјан.
Тој рече дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиновски.
Дамјан раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци.
-Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.
Тој многу сака да го поминува времето во неговото село, Букојчани, Кичевско.
Објасни дека младите од негвоиот крај доста ја негуваат традицијата и многу ја сакаат македонската народна музика како него.
Исто така, во родниот крај, многу го релаксираат прошетките во природа.
Во август минатата година, Дамјан стана татко на Војдан. „Сакал не сакал, тој ќе расте со музика и ќе слуша музика.
А дали ќе тргне по моите стапки, рано е да се каже. Би сакал повеќе да стане свирач, за да може да ме придружува“, рече тој.
Тој зборуваше и за својата сопруга Елена Билеска, која е исто така од кичевскиот крај. „Таа не можеше да ме придружува на настапите и на фестивалите, синот ни е уште мал, но се надевам дека во иднина ќе може“, рече Дамјан за сопругата.
Елена и Дамјан, граѓанскиот брак го склучија во Кичево, во февруари минатата година, во присуство на најтесното семејство.
Десетина дена пред тоа Дамјан и мајка му Евица Камберова Стојановска заминале кај Елена за да се запознаат семејствата и тогаш официјално ја запросил и го дал свршеничкиот прстен“, напиша порталот ММС.мк тогаш.
-Го направивме само граѓанскиот брак и се уште не сме одлучиле кога ќе биде свадбата и венчавањето в црква. Заедно сме неполна година иако се познаваме и се бендисувавме уште пред тоа“, изјави Дамјан за ММС.
Во „Магазин“ рече дека со Елена долго се познавале, но биле во кратка врска пред да се земат, и судбината сакала да бидат заедно.
Потоа, го спомена и својот татко. „Јас имав 18 години кога го загубив татко ми. Тој беше име и презиме на македонската естрада и се разбира дека растев со музика и учев од него, сè што научив е од него“, рече Дамјан.
Пејачот најави дека има многу песни од татко му кои сака да ги преработи зашто тоа му останало како аманет. Дамјан веќе има испеано неколку песни од легендата.
Војо, овој свет го напушти во 2014 година по кусо боледување.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин