Една од најголемите sвезди на поранешна Југославија, Лепа Брена, вели дека иако дувнала сериозен број на свеќички на роденденската торта неодамна, состојбата на умот е поважна.
Таа истакна дека оддамна се справила со сите животни предизвици.
„Сериозна бројка е сериозна бројка. Она што е многу важно е да се чувствувате добро.
Да ви биде во добра состојба духот, да имате внатрешен мир што е многу важно за секого“, изјави Брена која има 60 години.
Брена минатата година од зимата во Белград и во моментов со сопругот Боба Живојиновиќ е на егзотичен одмор на Малдиви. Брена на Инста стори се пофали како опуштено одмара на оваа егзотична дестинација.
Пред да заминат на одмор, српските медуми за Брена напишаа дека иако е најголемата ѕвезда, таа е вистинска жена од народот!
Ја фатија како пазарува на пазар, како и остатокот од светот, и не се издвојуваше од другите што беа таму, како што познатите често знаат да направат.
Брена купуваше шминка, додека цело време носеше медицинска маска, поради добро познатата пандемија.
Купи и некои јужни овошја и цвеќиња, а се чини дека уживаше и во шопинг на белградскиот пазар. Брена имаше кадрава фризура, а нејзината облека не се истакнуваше во толпата.
На Фејсбук коменатитре велат: зошто Брена да купува шминки од пазар покрај толку добри козметички брендови кои може да си ги дозволи?
Лепа Брена ја прими вакцината, а сега ги сподели своите впечатоци по ова.
Брена била ревакцинирана со вакцината Фајзер, а најголемиот мотив да го стори тоа што побрзо е тоа што сака да ги прегрне драгите луѓе, без да го загрози нивното здравје.
-Сите во мојата куќа се вакцинирани, дури и оние кои работат за нас се вакцинирани, така што секој има право да одлучи што да прави со својот живот и со своето тело. Сакам да ги прегрнам оние што ги сакам, да им искажам љубов.
Имам семејство, пријатели, внуци, сакав да се заштитам себеси, но и нив од какви било проблеми. Остатокот од животот сакам да го поминам стабилно и безбедно – изјави пејачката. Музичката ѕвезда исто така ги покажа антитела, а резултатот беше околу 18 000.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин