Министерот Бектеши раскажа за дома, за жена му и за дружбата со Филипче

0

Министерот за економија откри делови од својот приватен живот во емисијата „Магазин“ на „Сител“ ТВ. Тој со водителката Јелена Богојевиќ разговорот го почна за тоа како му започнува денот.

Неговиот син се уште не наполнил три години, ќерката има седум години, и Бектеши кој е голем љубител на фудбалот и поранешен играч рече дека би бил среќен ако синот му стане фудбалер.

-Имајќи во предвид дека ќерката оди на школо, секогаш ја носам сабајлето накај 7.50, и од таму секако почнувам, со мојата агенда, со обврските коишто ги имам и завршувам негде касно, речиси секој ден.

Немам време да спортувам, немам време ни да одморам, со жена ми секако дека го пијам првото утринско кафе, главно пијам турско кафе на сабајле иако сум поправен во последно време, и се чувам малку повеќе“, рече тој за своето секојдневие.

Потоа, продолжи за тоа како се носи со политичките и работните притисоци: „Навикнати сме, имајќи го предвид дека повеќе години се занимаваме со политика, имам тим позади мене со кој ги споделуваме сите обврски“, рече Бектеши.

-Во нашата партија има многу млади, нашиот претседател секогаш им давал шанса на младите. Бев со Белгија, Шварцарија и потоа ми понудија да се вратам тука како министер за економија.

ДУИ секогаш ги има младите, и ова е состав на министри на ДУИ, речиуси сите се под 45, а имаме и под 30.

Од претходниот мандат приватно повеќе излегуваме и често се гледаме со пратеникот воедно и координатор на пратеничката група на ДУИ Арбен Адеми, како и со министерот за надворешни работи се дружиме , со нашите семејства излегуваме приватно.“

Потоа водителката праша: Дали и од македонските партии се дружиш приватно, да седнете на кафе, да си честитате празници?

-Што се однесува до честитките за празници, со сите си честитаме, а за дружбата, порано повеќе се дружев со Венко Филипче, но сега заради карантинот, заради полицискиот час немаме можност многу да излеземе.

Знаеме дека сите терба да сме дома во 10 часот. Плус, и во Владата блиску ни се местата каде пто седиме. Се координираме, поврзани се здравствениот и економскиот аспект, и главно речиси секојденовно контактираме.“

Потоа се разви расговор на темата за неговиот живот во Белгија и во Шварцарија и за тоа каде се чувствувал најисполнето.

-Да бидам искрен најисполнето се чувствувам во мојата држава, особено во мојот роден град Кичево, иако во многу држави надвор сум живеел: Во Грција, во Белгија, во Швајцарија, во Косово.

Но, секогаш најдобро сум се чувствувал во Македонија, во Кичево, и секогаш кога сум имал време сум се обидувал да е вратам тука и де седам неколку дена во Македонија.

Кога сум бил во Белгија и во Швајцарија не сум имал многу луѓе со коишто приватно сум се дружел, и сум бил повеќе фокусиран на работата.

И оваа година е јубилеј откако сум се оженил со Јилка, заедно бевме таму , таму е родена нашата ќерка, во Белгија.“.

Потоа, за Бектеши зборуваше неговиот пријател Ардијан Цуцули, кој бил репрезентативец на Македонија во фудбал, со кого се знаат од деца и заедно играле фудба. Тој рече дека отсекогаш Бектеши играл фудбал со мозок, а тоа го користи и сега во политиката.

-Крешник е голем другар. Тој е како ѕвезда, ѕвездите секогаш се гледаат кога е мрак. Ака што Бектеши на скеој од нас другарите, многу ни се наоѓал во животот“, рече неговиот другар.

При крајот, Бектеши раскажа дека гледа секој слободен момент да е со семејството, да отидат во Струга од каде што му е сопругата, и во Кичево, и дека со ќерката учи математика.

-Да бидам искрен, не сум баш некој добар домаќин, главно јас ѝ правам кафе од сабајле на жена ми, а после жена ми се труди за мене навечер. И кога имам прилика, јадам дома, зашто повеќето од времето јадам надвор.

Се запознавме пред 13-14 години преку еден другар кој снимаше спот и секаше да стане пејач, Назим Сулејмани. Спотот се снимаше во Струга, и таму се сретнавме со жена ми, за време на снимањето на спотот.

Таа сега е зафатена околу децата, затоа што моите родители живеат во Базел, во Швајцарија, и нема кој да ни помага освен ние двајца еден на друг“, изјави министерот Бектеши.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаСлаткар го поддржа Гарванлиев, Бугарите коментираат кај него на профил
Следна статијаБеше женски срцекршач во цела ЈУ – сега познатиот актер е болен, се повлече и не личи на себеси