Слаткар го поддржа Гарванлиев, Бугарите коментираат кај него на профил

0

По целиот скандал околу учеството на Евровизија на Васил Гарванлиев, околу покажувањето на боите на бугарскто знаме во спотот, и неговата изјава дека има бугарско државјанство, на Фејсбук се потпишува петиција дали Гарванлиев треба да ја претставува Македонија во Ротердам.

Македонската радио телевизија објави дека е формирана комисија која ќе одлучува за неговото учество. Боите, како што беше кажано, се триптих на уметницата Жанета Вангели, кои како што објасни Гарванлиев, се совпаѓаат со боите на бугарското знаме.

Тие секвенци се остранети од видеото. Гарванлиев со видео обраќање ѝ објасни на јавноста за што станува збор.

– Јас сум Васил Гарванлиев, роден во Струмица, Македонија. Во 1997 година, моето семејство одлучи да се преселиме заедно во Чикаго, каде што живеевме неколку години. Не депортираа од Чикаго и кога се вративме, јас бев малолетен.

Фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и за иднина за сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми е родена во село Игралишта надвор од Петрич, кое ни овозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе дваесетина години.

Закон во нашата држава е дека двојното државјанство е дозволено. Имам живеено 10 години во Чикаго, осум во Торонто, една во Милано, една Лондон, неколку во куфер, патувајќи.

Имам застанато на светските сцени, во Париз, Амстердам, Цитих Њујорк, Чикаго, Торонто, Лисабон…

За мене најважното нешто во мојата биографија беше: Македонскиот баритон Васил Гарванлиев ја започна својата кариера на седум годинки во својата родна земја“, рече Васил и продолжи да зборува за Евровизија.

-Едвај чекам да застанам на таа сцена и да вибрирам во црвено-жолта боја. Спотот, бидејќи имаше многу коментари лани, дека нема многу Македонија во спотот, годинава сакавме да вклучиме колку можеме Македонци во овој проект.

Во моментот кога сфатив дека луѓето се погодени од тоа дело во музејот, направив чекор, спотот се смени. Интервјуто кое циркулира, е изјавено пред година дена, дури и повеќе. Во музика, нема политика, нема раса, нема боја.

Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, сосема случајно, јас се извинувам од се срце.

Не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некој, кои и да се, прости ми. За крај, ве оставам со превод на нашата македонска песна годинава:

– Тие ќе пробаат да те скршат и да те соборат. Без да знаат дека тоа те прави посилен, да постигнеш и да продолжиш на патот кон успехот. Еве ме пред вас, без глума, со срушени ѕидови, во моето срце“, рече тој во обраќањето.

Многумина го напраднаа Васил, но и многумина го поддржаа како Тамара Тодевска, Антониа Гиговска.

Новинарот Огнен Јанески на својот Фејсбук напиша: „Кој од вас не познава ниту еден околу себе со бугарски (или друг некој) пасош, нека фрли камен.“

Вчера, поддршка на Васил му даде Марко Маринковиќ- Слаткаристика, кој не искоментира ништо, само ја сподели евровизиската песна „Here I Stand“ на неговиот Фејсбук профил.

Коментар меѓу првите му даде бугарскиот рапер Бобо со кого Слаткар има соработувано.

– Браво Марко! Отсекогаш си бил вистински маж! Васил вложи толку многу љубов и работа во оваа песна и не заслужува таков третман!

Ниту еден музичар или уметник не го заслужува тоа“, напишал Борислав Георгиев- Миланов познат како Бобо.

Потоа, друг коментар вели: Нема ништо лошо во тоа што момчето е од Бугарија, на што Бобо му враќа:

Тој не е од Бугарија. Роден е во Струмица, која е дел од Северна Македонија. Неговата баба и дедо биле од Петрич. Се додека провоцирате овде, не станува збор за тоа кој од каде е!

Потоа, Даниел Петков, на чиј профил пишува дека е менаџер во диско во Банско вели: Каде гледате тука провокација? На тоа раперот Бобо одговара: Очигледно дека јас имам параноја. Извинете.

Друг коментар го поправа Бобо и му посочува дека Струмица се наоѓа во Ребулика Макдонија, на што тој одговара:

Дали не разбравте што напишав? За крај раперот Бобо му се обраќа на Марко- Слаткар и вели:

– Марко Маринковиќ, не можам и сакам да верувам во тоа! Знаете колку многу ја сакам и се чувствувам добро во вашата земја и во Скопје!

Никогаш не чувствував ом раза кон мене, напротив, сите отсекогаш биле толку гостопримливи. Што се случува? Слаткар не одговори на ниту еден од коментарите.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаБитолскиот проф. Трајковски: Вчерашните 1.293 се петтиот најголем број на новодијагностицирани од почетокот
Следна статијаМинистерот Бектеши раскажа за дома, за жена му и за дружбата со Филипче