Каролина Петковска е долги години дел од Македонската радио телевизија, како новинар и водител на разни Тв проекти, Тв лице кое познато и кај нас и во дијаспората.
Таа е уредник на Редакцијата за Контактно забавни емисии во МТВ и во моментов го води „Неделен магазин“.
Каролина е позната и како најголемиот патриот меѓу новинарите. Таа секоја година ја коментира Евровизија во пренос во живо и една реченица остана нејзин заштитен знак.
Кпга треба да ја најави Грција, Петковска вели, нашиот јужен сосед. Во една прилика таа изјави дека тоа го прави затоа што е лута на политиката на оваа земја која Македонија прерходно не ја признаваше под уставното име.
Има многу шеги и твитови на нејзина сметка поради тоа, но Каролина остана доследна на таквиот начин на коментирање и никогаш не одговори на ниту еден твит или споменување на нејзиното име во медиумите.
– Нашиот јужен сосед пее на грчки наместо на јужнососедски“, но едно запомнете „Се се менува…само кај нас водителките за Евровизија и за Оскар се незаменливи“, вели еден твит. Каролина раскажа за своите дневни рутиини во Женски магазин.
Уште подобро е ако го пиете кафето со луѓе со кои ви е убаво и кога молчите! И во едниот и другиот случај тоа се мојот сопруг Александар и сестра ми Даниела, со којашто сега за жал можам да го испијам кафето, само додека муабетиме на вибер, зошто последниве пет години со семејството живее во Америка.
И да…последниве четири години, до болка ми недостасува мирисот од тазе сомеленото и мераклиски, со љубов сварено кафе од рацете на мајка ми.
Малечок ритуал: подготвена вечера за двајца, чаша црвено вино и одбран филм на лаптоп (ставен на маса)! Ред муабет и голтка од виното и „голтка“ од филмот, најчесто со документарно историски жанр. Не го сакам хор -оро т како жанр!
Доволно ст рав и неизвесност имаме во реалноста оптоварена од пандемија и изолации, сокриени насмевки, украдени прегратки, изгубени денови и драги луѓе…
Прекрасно е ова „чудо“ наречено – живот, нуди безброј мотиви за среќа и задоволство.
Се разбира ако умееш да ги препознаеш во “океанот” од стереотипи, изгубен вредносен систем изгубена правда и емпатија, од важни и помалку важни работи и луѓе.
Токму затоа, отсекогаш ме мотивираат луѓе коишто го имаат оној пркосен инает во себе и веруваат во вистината, дека: “ ако се сака- се се може”, откри водителката.
Фото: Јутјуб принскрин