Внуката на Зафир Хаџиманов, Марта, со тажна приказна се прости од својот дедо

0

По заминувањето на големиот уметник, пејачот, автор и актер Зафир Хаџиманов, многу негови блиски, колеги, пријатели и почитувачи се простија со „момчето“ од Кавадарци, кое со најголема леснотија ја испеа „Како Вардар ќе дотечам“ и многу други незаборавни рефрени.

За Зафир, свое емотивно сеќавање напиша актерот Иван Босиљчиќ:

Како студент по глума во 1998 година, осум пати по ред go гледав Зафир во „Виолинистот на покривoт“. Какво искуство беше тоа!

Стои на сцената на Српскиот народен театар, како рeпер на музичкиот театар, пее со невидена сила и исполнетост и како магнет не влече да одиме кај него директно во центарот на мјузиклот.

Јас се осмелив да се движам кон него од дваесеттиот ред, од публиката, чекор по чекор.

По цела деценија, во 2007 година, на премиерата на новата претстава „Les Miserables / Poor People“ во Мадленианум, Зафир во главната улога, пее со ненамален интензитет, а јас на сцената до него.

Пееме заедно. Ми требаа десет години да дојдам до него на метар. И јас сум благодарен на Бога за тоа. Споделувањето на сцената со Зафир Хаџиманов е средба за цел живот.

Среќно патувај, добар, силен и голем Зафире. Во нашите молитви си!“, напиша Босиљчиќ.

Внуката на Зафир, Марта Хаџиманов, ќерката на неговиот син Васил која е успешна оперска пејачка напиша силни и срцепарателни зборови за својот дедо на Инстаграм.

„Драг мој дедичко, ти си посебен. Засекогаш ќе те сакам и ќе се сеќавам на сите прекрасни моменти поминати со тебе.

Моменти кои секогаш биле исполнети со музика, среќа и љубов и сеќавајќи се на твоите прекрасни, нежни зборови и топол глас, секогаш кога ми е тешко.

Ти си едно неверојатно и неповторливо суштество, полно со живот и љубов што го осветли целиот свет со својата прекрасна душа и музика.

Твојата љубов кон твојот животен повик ја покажа така што чекаше да си заминеш на еден ваков посебен и симболичен ден, а тоа е Светскиот ден на театарот, славејќи го така со нас, твојот убав, исполнет, возбудлив и разнобоен живот.

Единствената љубов што ја имаш спрема баба и којашто вие заедно ја делевте е неопислива и убава и секогаш ќе бидете најпрекрасната и најталентираната моќна двојка досега!

Ми недостасуваш многу и ти благодарам за сите овие години што ги имав со тебе, со најдобриот дедичко на планетата.

Се надевам дека е подобро таму каде што си сега, дека ништо не те боли и дека пееш на цел глас. Мислам на тебе и ќе мислам секој ден. Те сака најмногу твојата внука“, напиша Марта Хаџиманов.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаВаско Ефтов: Јас мислев дека владите на Бучко и Љубчо се „село без кучиња“, но што се случува сега?
Следна статијаСе јави пејачот Зоран Ванев од Швајцарија и упати порака и апел до сите Македонци