Ване Маркоски, еден од нашите најпознати водители не пропушта да се пофали со уттринска слика од своето работно место, Македонката телевизија, каде што води утринска програма.
Водителот, на Фејсбук објави слика од неговото патување од пред три години, од Италија, и напиша: Секое време со свои убавини. Пред 3 години вака, сега со снег и ко рона“, објави Ване.
Ване неодамна сподели еден свој емотиивен спомен, од своето детство и многу негови следбеници на Фејсбук ја бендисаа оваа приказна.
–За едно убаво време… Живеевме во стара зграда, а главната улица пред зградата, беше цела покриена со калдрма.
Спроти зградата трафика “Нова Македонија”, од рано наутро целата “опиена” од мирис на весници, малку погоре продавница каде се мелеше тазе кафе, а одма тука и фурна за леб. Спроти фурната и “Деликатес” – тогаш поим за супермаркет.
Се сеќавам кога сите тие мириси на весници, тазе мелено кафе, тазе леб, ќе се испомешаа наутро. Мирисаше цело маало.
Секое сабајле со свиткани пари во рака, трчав прво по весник, потоа по тазе кафе, па до фурната по тазе лебче и по млеко или јогурт, се сеќавам тогаш беа спакувани во кеси.
Ќе тркнев и до “Деликатес” по уште нешто и се тоа за некои 150 денари… За назад кон дома, редовно си купував и сладолед, млечен со чоколаден прелив, стандард вкус. Знаете на каков мислам.
Го продаваше еден дедо. Имаше фрижидер на самиот тротоар, одма залепен до нашата зграда. Тоа му доаѓаше нешто како награда за пазарувањето… Доаѓаш дома. Се спрема појадок. Пушташ МТВ, почнува “Ѕвон” и не трепкаш.
Колку само летавме, колку бевме среќни, затоа што со ова чуствувавме дека нешто придонесуваме за дома“, напиша Ване.
Инспирацијата, Ване ја добива на вистинско место. Во неговиот стан, со преубавиот поглед во кој ужива, и на дланка му е цело Скопје.
Тој живее во комплексот Џевахир,каде што има и велнес и спа центар, па на Ване му е супер зашто си има базен и спа во комшии, каде што може да си претрча кога и да сака.
Тој објави слика во бањарка, која е најверојатно сликана по некое уживање во сауна или пливање. Е, така се живее!
Фото: Фејсбук и Инстаргарм принтскрин